Почитувани пријатели,

Тимот на здружението „Борка- за секој нов ден“ ве известува дека WEB страницата на “Борка”, реши да расне и да порасне уште повеќе. Да нуди повеќе новости, уште повеќе информации, да се доближи до сите кои сакаат да знаат нешто повеќе за здравјето, за убавите навики, но за тоа како да се борите со една од најопасните болести на човештвото канцерот.

Страницата на „Борка“, последните 6 години ги зема највредните награди за својата работа на манифестацијата „Сајт на годината“ во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс која е сопстевник на платформата keepaneye.mk и основач на ИАБ Македонија, со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје, Кожувчанка ДОО Кавадарци и Витаминка АД Прилеп.

После шест години , подготвени сме да зачекориме понапред. Затоа сите наши пријатели и љубопитни души кои ја посетуваат нашата страница, ве замолиме за мало трпение.

За една недела се читаме со нови содржини !

Благодарност од целиот тим на „Борка“