Прва срдеба со вашиот онколог? Еве неколку совети
за да го извлечете најдоброто од вашиот состанок.

Доколку имате дијагностииран , најверојатно имате многу прашања за болеста и за она што допрва следува. Првиот чекор е да се закаже кај онколог – доктор чија што специјализација е лекувањето на ракот. Персоналот во нашиот сервис „Physician Access Service“ може да ви помогне да закажете состанок со соодветниот онколог кој ќе се запознае со вашите посебни потреби.
Во зависност од видот и стадиумот на болеста, вашиот прв состанок обично би бил со онколог, онколошки хирург или онколошки радиолог. Било кој од овие специјалисти може да ви помогне подобро да ја запознаете вашата дијагноза и опциите за лекување и да работи со вас со цел да донесете одлука за вашата нега откако ќе бидете добро и детално информирани.
Ја прашавме Сузан Кармоди, директорка на „MSk’s Physician Access Service“ за да ни објасни што треба да се направи при првата средба.

 


Која е најважната работа што треба да ја направам пред првата средба со мојот онколог?
Првата работа за која што ќе праша онкологот е вашата историја на болеста. Кога ќе влезете во канцеларијата на докторот , многу лесно може да заборавите кога се случиле работите, така што од голема помош е доколку ја запишете вашата историја за да ја запамтите хронологијата на настаните. Фаќајте белешки за симптомите и за тоа што првенствено ве натера да одите на доктор. Какви тестови побарал докторот? Дали бевте упатени кон дополнителни прегледи кај специјалисти? Дали претходно сте биле лекувани од рак?
Што треба да земам со себе?
Со цел консултацијата да биде потемелна, онкологот со кој се состанувате треба да ги има сите ваши извештаи и друг материјал, вклучувајќи копии од скенови, рентген, магнетна резонанса, компјутерска томографија и патологија доколку е извршена биопсија.
Како додаток, секогаш донесете ги лековите што ги земате, вклучувајќи пилули против болка за кои не треба рецепт или дозвола, витамини, тревки и суплементи. Пред да предложат со лекување, докторите мора да знаат што земате со цел да бидат сигурни дека нема да има потенцијални несакани дејства. Луѓето може да заборават да забележат работи како калциумот и витаминот D, но тие може да предизвикаат проблем во текот на лекувањето.
Ако можете, на состаноци со лекарите донесете некого член на фамилијата или пријател да биде вторите уши во просторијата; за да ви пружи емотивна поддршка, да ви помогне да запамтите што кажува докторот, да фаќа забелешки наместо вас и да ве потсети на клучните прашања што не сакате да заборавите да ги поставите.

Кои се клучните прашања?

Најважната работа што треба да ја направите е да послушате што има вашиот онколог да каже бидејќи голем дел од вашите прашања може да се одговорат, а внимателно слушајќи може да се сетите и на дополнителни прашања.
• Која е мојата дијагноза и колку брзо треба да започнам со терапија?
• Кои се моите опции за терапија, што е вклучено, и колку долго е потребно за секоја терапија?
• Кои се придобивките од предложената терапија?
• Кои се потенцијалните ризици и несакани ефекти?
• Треба ли да размислам да учествувам во клиничко испитување?
• Како терапијата ќе влијае на моите секојдневни навики? Ќе може ли да продолжам да работам за време на лекувањето?
• Дали терапијата ќе влијае на плодноста? Ако е така, може ли да направам нешто со што ќе ја заштитам мојата способност да имам деца во иднина?
• Што треба да направам ако развијам нови симптоми отако ќе започнам со лекувањето?
• Кои средства за поддршка се достапни за да ми помогнат да се соочам со мојата дијагноза?
• На кого треба да се јавам ако имам дополнителни прашања откако ќе ја напуштам канцеларијата?
Треба ли да очекувам за време на првиот состанок онкологот да ми даде процена за прогнозата?
Да, како дел од консултацијата, вашиот доктор ќе ја дискутира вашата дијагноза, опциите за лекување и прогнозата. Прогнозата (предвидувањето на докторот за тоа како ќе се опоравувате од болеста) зависи од видот на ракот, стадиумот на болеста кога е дијагностицирана за прв пат и реакцијата на терапијата. Одредени видови на рак не се лекуваат, но може да се третираат со терапии што можат да ви обезбедат колку што е можно поквалитетен живот.
Докторите се искрени и имаат надеж, па дури и ако општата статистика изгледа обесхрабрувачки, секоја индивидуа е единствена и може различно да реагира на терапијата. Во зависност од вашата реакција на терапијата, вашиот онколог може да предложи нова одобрена терапија или нов лек оценет во клиничко испитување. Гледаме како луѓето секој ден се подобро од очекуваното.