Tри лековити јапонски печурки – Шитаке, Маитаке и Реиши т.н. медицински печурки веќе илјадници години се користат во традиционалната медицина на азиските народи, изобилуваат со витамини (Ц и Б – Комплекс), протеини и есенцијални аминокиселини, растителни влакна, калциум, железо и други минерали.

Шитаке печурките (Lentinula Edodes) природно растат на кората на шумските дрвја во Јапонија, Кореја и други азиски земји, но поради нивната широка медицинска примена комерцијално се одгледуваат во САД и ширум светот. Тие содржат изобилство на протеини, јаглехидрати, растителни влакна и есенцијални витамини и минерали, поради што се препорачуваат како додатен медицински третман на Хепатит Б, стомачен канцер, инфекции со ХИВ, кардиоваскуларни заболувања и сл. shitaki

Маитаке (Grifola Frondosa) е вид на лековита печурка која     расте во северните делови на Јапонија каде со векови е позната како „печурка на виталноста”. Во модерната алтернативна медицина, оваа печурка е позната по своите имуностимулативни, антиканцерогени, антистресогени и антивирални својства, поради што се препорачува за третманот на автоимуни, карциногени, алергиски и системски заболувања.

maitake

Реиши (Ganoderma Lucidum) е вид на јапонска црвена печурка која е широко позната по лековитите својства- отстранување на хроничниот замор и слабост, несоница, кашлица и сл. Таа содржи неколку важни хемиски состојки во кои спаѓаат: полисахариди, тритерпени, манитол и сл. Оваа печурка е посебно корисна за асматични состојби, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања; помага и при состојби на висок крвен притисок, холестерол и триглицериди и сл.

 Reishi_Mushroom_2

Примена:

 

– Имаат антиканцерогени способности и се користат во третманот на локализирани и метастазирани тумори;

– Го зајакнуваат имунитетот и подобруваат кардиоваскуларното здравје;

– Го штитат организмот од вируси, бактерии и габи;

– Имаат антивоспалителни дејства и се борат против алергиите;

– Помагаат во балансирањето на нивото на шеќерот во крвта;

– При зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта;

– При асматични состојби, бронхитис,кашлица и други респираторни заболувања;

– Помагаат во ревитализација и детоксификација на организмот.