Канцер третманот е спроведен и завршен. Што понатаму ? Дали сега кога веќе си канцер преживувач може да уживаш во годините кои следат?  Дознај што треба да направиш после твојот канцер третман за да се чувствуваш подобро .

Овие таканаречени препораки не се разликуваат многу од оние наменети за останатите кои сакаат да го подоброт  своето здравје. Вежби,избалансирана диета,идеална телесна тежина,одвикнување од цигари и алкохол се препорачуваат за сите. Но за канцер преживувачите овие препораки имаат одредени специфики.

Еве што треба да направиш после твојот канцер третман:

ВЕЖБАЈ

Физички вежби и контрола на телесна тежина по прележана сериозна болест, како што е ракот, често се препорачуваат во периодот на реконвалесценцијата, дури и кога пациентот е во понапредна возраст и не е спортски тип.

„Сите лица кои имале тумор имаат корист од телесната активност“, изјавил Dr. Freerk Baumann од германскиот истражувачки институт во Келн.

Редовното вежбање позитивно делува на целиот организмот и тоа:

  • ја зголемува силата и издржливоста

  • ги намалува знаците и симтоми на депресија

  • ја намалува анксиозноста

  • го намалува стравот

  • го подобрува расположението

  • ја враќа самодовербата

Нема докази дека физичката активност влијае врз уништувањето на веќе постоечкиот тумор. Сепак, постојат докази дека пациентите со рак на дојка, рак на дебело црево или рак на простата кои редовно вежбале и биле физички активни, имале помал ризик за повторно враќање на болеста, рекол Dr. Baumann.  Dr. Baumann тоа го објаснува на овој начин физичката активност ги намалува поедините хормони во крвта, како што се естрогенот и инсулинот. Се верува дека овие хормони влијаат на растот и ширењето на некои видови на рак. „Овие хормони се како храна за туморите“, рекол Dr. Freerk Baumann.

Наспроти минималните докази дека вежбањето може да го намали ризикот за умирање на туморот доказите од вежбањето за твоето срце,бели дробови и крвотокот се цврсти. Заради тие причини се охрабруваат сите канцер преживувачи да вежбаат.

Затоа потруди се да го направиш твојот живот повеќе активен.Почесто користи ги скалите и пешачи дел од патот. Американското здружение за канцер препорачува канцер преживувачите треба да вежбаат најмалку 30 минути пет или повеќе дена во неделата.

Пред да започнеш со вежбање направи лекарски преглед. Ќе има денови кога нема да сакаш да вежбаш и нетреба да чувствуваш вина поради тоа. Ќе има и денови кога вежбањето ќе предизвика несакани ефекти како неподнослив замор и тогаш намали го интензитетот на вежбање, на пример пешачи. Нема строги правила колку и како треба да вежбаш,прави онолку колку што можеш затоа што и одморот е важен за твојата реконвалесценција.

Диета

Добро балансирана диета односно исхрана со овошје ,зеленчук и мешунки е препорачана од многу причини. Американското здружение за канцер препорачува канцер преживувачите во својата исхрана да вклучат:

  • храна богата со растителни влакна односно најмалку 5 порции на свежо овошје и зеленчук дневно

  • незаситени масла како омега 3 маснотии ,а помалку заситени масла

  • лесни протеини како риба,пилешко месо,јајца,лешници,легуминози

  • да се намали консумацијата на црвено месо,на најмногу 2 пати неделно

  • Најмалку еднаш неделно треба да се консумира брокула и зелка.

Оваа комбинација на храна овозможува внес на многу витамини и минерални суплементи нутриенси кои ќе го направат твоето тело посилно.

Овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси кои овозможуваат поправање на оштетените клетки,а содржат и растителни влакна кои се клучни за одржување на здравјето на организмот Дневно е потребно да внесуваме 20 до 40 грама растителни влакна, а ги наоѓаме во житариците, мешункастиот зеленчук (соја, леќа), во зелениот и коренест зеленчук и во овошјето. Растителните влакна

  • се комплексна мешавина на супстанции: различни полисахариди – целулоза, растителни смоли, пектин, агар, гума и хемицелулоза па помагаат во одржувањето на нормалната функција на системот за варење и спречување на затвор

  • го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, ги смируваат воспалените процеси и го намалуваат крвниот притисок.

  • го забавуваат апсорбирањето на шеќерот во крвта, што значи дека со нивно консумирање се регулира и нормализира нивото на шеќерот во крвта па на тој начин го намалува ризикот од развој на дијабет.

  • овозможуваат поздрав начин на живот-Лицата кои јадат повеќе овошје и зеленчук, помалку консумираат масти, белковини и рафинирани житарици со исхраната со што се спречува појавата на дебелина.

  • го намалуваат ризикот за рак како на пример на грло,дебело црево

Брокулите се богати со многу витамини и минерали. Тие содржат витамин А, Ц, К и витамини од грпата Б,минерали како што се: железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот,а богати се и со растителни влакна и фитохемикалии. Најважната функција и способност на брокулите е тоа што го острануваат вишокот на естроген од телото па претставуваат природни чудотворни заштитници од многу видови рак како: рак на дојката, рак на матката, рак на простатата, рак на внатрешните органи (бели дробови, црн џигер, бубрези) . особено се препорачуваат за лица кои имаат рак на дојка или рак на матката.

Зголемената консумација на храна богата со јагленохидрати, особено со скроб го зголемуваат нивото на инсулинот во организмот . Инсулинот може да го стимулира растот на клетките на туморот,а со тоа да го зголеми ризикот од рецидив на ракот. Иако јагленохидратите му ги даваат на организмот потребните хранливи материи и енергија, некои јагленохидрати се поздрави од другите. Интегралните житарици содржат помалку скроб од рафинираните јагленохидрати, како што се белиот леб и белите тестенини и затоа имаат предност во исхраната.

Затоа започни со примена на балансирана диета чии состојки одреди ги со помош на твојот доктор особено тоа се однесува на дневната доза на мултивитамини што ти се потребни.

Некои мислат дека поголема доза од предвидента е подобра. Но тоа не е точно бидејќи поголема доза може да те повредат.

Телесна тежина

Во текот на третманот некои губат од својата тежина ,а некои се здебелуваат. Со помош на својот доктор одреди ја својата идеална телесна тежина и преземи мерки за да ја достигнеш.

Кај канцер преживувачи кои треба да добијат во тежина се започнува со контролирање и решавање на наузеата,болката и другите несакани ефекти од канцер третманот со кои се овожможува  полесен пристап на храната во твоето тело. Кај канцер преживувачи кои треба да изгубат од својата тежина слабеењето треба да биде постепено и тоа најмногу до 1 килограм неделно со помош на избалансирана исхрана и вежби кои ќе ги одреди твојот доктор.

Обезноста или зголемена телесна тежина претставува фактор на ризик за настанување на некои видови на рак ,но и за настанување на многу заболувања како што се : хроничните кардиоваскуларни и метаболни заболувања (покачен крвен притисок, покачени масти, шеќерна болест, заболувања на срцевите и мозочните крвни садови, кои можат да доведат до настанување на срцев или мозочен удар).

Кај гојазноста продукцијата на естрогените хормони е зголемена, во споредба со жените кои имаат нормална телесна тежина па преку хормонски механизам може да се стимулира раст на оваријалните клетки и да игра улога во развојот на оваријалниот карцином. На сличен начин се објаснува и поврзаноста на обезноста со други видови на рак како што е аденокарциномот на хранопроводнико,рак на бубрези. Кај мажите постои теорија која укажува дека мастите ја зголемуваат продукцијата на машкиот полов хормон, тестостерон, кој го потпомага настанувањето на простатичните карциномски клетки.

Затоа достигни ја и одржувај ја својата идеална телесна тежина

Стоп за пушењето

после третманот е вистински момент еднаш засекогаш да се откажеш од својата навика. Пушењето или користењето на наркотични средства го зголемуваат ризикот од неколку типа на карциноми. Нивното откажување ќе го намали ризикот од појава на друг тип на канцер додека си во реконваленсценција ,а од друга страна ќе го намали ризикот и од повторно јавување на истиот тип канцер кој го имаше пред третманот.

Не за алкохолот

Жените не треба да пијат повеќе од една чашка на ден,додека мажите нетреба да испијат повеќе од две чашки.Наспроти нецелосните докази дека алкохолот може да го намали ризикот од срцеви болести,тој може да го зголеми ризикот од секунарен примарен тумор и ризикот за карциноми локализирани на уста и грло.

Прави онолку колку што можеш и потруди се повеќе

На почетокот прави онолку колку што можеш и менувај ги своите навики постепено се додека не ги достигнеш целосно сите овие совети.  Во годините што следат овие совети ќе ти овозможат да се чувствуваш подобро и затоа колку побрзо се врзеш за нив толку подобар ќе биде и твојот животен стил како канцер преживувач.