Божиќ и празниците може да бидат тежок период за луѓето кои доживеале голема промена или загуба во нивниот живот.

Чувство на осаменост, изолација и тага се чести и Божиќните традиции може да бидат болни потсетници за тоа како животот се сменил.

Зборуваме за луѓето кои се чувствуваат толку уморни од третманот што не може да замислат како тие ќе се справат со шопингот или вообичаеното големо семејство за Божиќ. Фокусот на подготовка на храната може да биде огромен за некои луѓе, особено оние на хемотерапија. Некои од нив се плашат дека ова може да биде нивниот последен Божиќ. Други, пак, се загрижени дека празниците може да значат дека нивните вообичаени лекари или медицински сестри не се на располагање и може да има доцнења во нивниот третман.

Семејството и пријателите кои се соочуваат со Божиќ откако некој близок починал, исто така, сметаат дека тоа е многу тежок период.8e5965689083ac0ccef43e17df7fddb6

Совети за справување во текот на празниците

Споделување на искуства и стратегии за справување може да им помогне на луѓето да преминат низ тешки времиња. Еве неколку совети од други погодени од рак:

Поставете реални очекувања

  • Размислете за онлајн шопинг и / или подарок ваучери за божиќни подароци за да заштедите време и енергија
  • Намалување на времето на украсување или шопинг и / или прифаќање на помош од другите за ова, може да Ви олесни
  • Резервирање на божиќниот ручек или вечера во ресторан, уредување на пикник во локалниот парк или барање од луѓето да дадат придонес за божиќниот оброк може да Ви олесни
  • Ако имате третман во текот на Божиќ, разгледајте ја можноста за полесен третман тој ден и планирајте ја прославата на крајот на третманот.

 Покажете ги Вашите потреби

  • Кажете им на другите, ако Ви е тешко да се справите и прифатете ги понудите за помош.

Бидете специфични за тоа што луѓето може да направат за да Ви помогнат.

 Бидете нежни со себе

  • Дајте си дозвола да го поминете Божиќ на најдобар за Вас можен начин. Дадете им на знаење на луѓето дека можеби ќе Ви треба одмор тој ден. Запомнете дека прославите не треба да бидат совршени
  • Промени во расположението и чувство на загуба се вообичаени во текот на Божиќ.
  • Имајте подготвен план кога можеби семејниот собир или забава ќе станат премногу за Вас.

Намалете ги активностите и зачувајте ја Вашата енергија

  • Чувство на многу замор е чест пропратен ефект по лекувањето на ракот.

Избегнувајте голем број на посетители и долги патувања. Бидејќи нивото на енергија може да се разликуваат, понекогаш може да биде корисно да ги планирате дневните активности, а потоа да ги преполовите. Дозволете си време за одмор во текот на денот. Обидете се да имате лесна прошетка редовно во текот на празниците, бидејќи ова може да помогне во обновување на енергијата

  • Имајте едноставни оброци. Ако лицето со рак мора да ја смени исхраната, служете храна во која може да уживаат сите присутни.

Креирајте нови ритуали

  • Ако со Вашите вообичаени божиќни обреди и обичаи веќе не се чувствувате добро, размислете за нивна замена со нов ритуал или традицијата што е посебна за Вас.

На пример, запалете свеќа во чест на посебна личност кој починала и ставете ја со слика или цвеќе на масата.

 Побарајте поддршка

  • Разговарајќи со некого за Вашите чувства може да го намали чувството на болка и изолација. Семејството и пријателите може да биде добар извор на поддршка.