Зголемениот внес на калциум и на витамин Д можат да го подобрат нивото на инсулин и нудат заштита од дијабетот, независно од внесот на млечни производи.

Како што се наведува во Journal of Nutrition, Tianying Wu, Walter C. Willett и Edward Giovannucci од Harvard School of Public Health, жените кои внесувале високи количини на калциум имале 20% пониски нивоа на Ц-пептид (маркер за нивото на инсулин), додека мажите со високи нивоа на витамин Д во крвта имале слични пониски нивоа на истиот маркер.download

„Резултатите сугерираат дека намалениот внес на калциум или витамин Д во организмот е поврзан со намалена инсулинска секреција”, наведуваат истражувачите.

Наодите од набљудувањето покажуваат дека постои „релативно константна поврзаност” помеѓу намалениот внес на калциум и витамин Д и дијабетот од тип 2, со највисоките нивоа поврзани со 64% намалена преваленција на болеста, и 29% намалена преваленција на метаболниот синдром.

Внесувањето на комбинација на калциум и витамин Д е поврзано со 18% намалена инциденца за дијабет.

Ц-пептидот честопати се користи како мерка за нивото на инсулин – инсулинот се добива со делење на таканаречениот про-инсулин, кој формира една молекула на инсулин и еден Ц-пептид.vitamin-D-defficiency

Истражувачите од Бостон репортираа дека нивото на Ц-пептид било за 20% пониско кај мажите со највисоко ниво на 25(ОХ)Д, меѓутоа ваква поврзаност не била набљудувана и кај жените.

Од друга страна, високите нивоа на калциум биле асоцирани со 20% намалување на нивото на Ц-пептидот кај жените и 17% намалување кај мажите, споредено со оние со пониски нивоа.

Кога Wu, Willett и Giovannucci го споредиле внесот на калциум и нивото на 25(ОХ)Д во крвта, нашле дека највисоките нивоа биле асоцирани со 35% и 12% пониски нивоа на Ц-пептидот.