images

Кантарионот  (Hipericum perforatum L.) е повеѓегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје.

Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди.

Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).

Оваа медицинска билка е позната по своите антибактериски, антивирални, антипаразитни, антивоспалителни и аналгетски дејства.

При внатрешна употреба, кантарионот  помага во секрецијата на желудочниот сок и го олеснува варењето на храната. Оваа билка се користи и за третман на заболувања на респираторниот тракт.

Во последната деценија кантарионот станува се повеќе популарен како средство за третман на депресија и анксиозност, а постојат и многубројни научни истражувања кои ја потврдуваат оваа употреба. Оваа билка успешно се користи за третман на благи и умерени депресии и е подеднакво ефективна при промени во расположението.

Кантарионот исто така го намалува нивото на стрес хормонот кортизол.