Научниците откриле неколку фактори на ризик кои го прават некого со поголема веројатност да развие Hodgkin-ова болест (иако не е секогаш јасно зошто овие фактори го зголемуваат ризикот).Но, со фактор на ризик, па дури и неколку, не значи дека дефинитивно ќе се добие болеста.И многу луѓе кои јан добиваат болеста може да имаат малку или не им се познати факторите на ризик.Дури и ако лицето со Hodgkin-ова болест има еден или повеќе фактори на ризик, често е многу тешко да се знае колку овие фактори може да придонесат за развој за лимфом.

Epstein-Barr вирусна инфекција / мононуклеоза

Луѓето кои имале инфективна мононуклеоза (понекогаш се нарекува кратко моно), инфекција предизвикана од Epstein-Barr вирусот (ЕБВ), имаат зголемен ризик од Hodgkin-ова болест.Иако ризикот е поголем отколку кај луѓето кои немале мојонуклеоза, вкупниот ризик се уште е многу мал.

Точната улога на ЕБВ во развојот на Hodgkin-овата болест не е јасна.Многу луѓе се инфицирани со ЕБВ, но многу малку развиваат Hodgkin-ова болест.Делови на вирусот се наоѓаат во Рид-Стернберговите клетки во околу 1 од 3 пациенти со Hodgkin-ова болест.Но други луѓе со Hodgkin-ова болест немаат знаци на ЕБВ во клетките на ракот.L9eJw

Години

Луѓето на секоја возраст може да бидат дијагностицирани со Hodgkin-ова болест, но таа е најчеста во раните зрели години (на возраст од 15 до 40, особено во 20-тите години на едно лице) и кон крајот на зрелоста (по 55 години).

Пол

Hodgkin-овата болест се јавува малку почесто кај мажите отколку кај жените.

Географија

Hodgkin-овата болест е најчеста во САД, Канада и Северна Европа, и е најмалку честа во азиските земји.

Семејна историја

Браќата и сестрите на младите луѓе со оваа болест имаат поголем ризик за Хочкинова болест.Ризикот е многу висок за идентичен близнак на лице со Hodgkin-ова болест.Но семејната поврзаност е сеуште помалку честа – многу луѓе со Hodgkin-ова болест немаат фамилијарна историја за неа.

Не е јасно зошто семејната историја може да го зголеми ризикот.Тоа би можело да биде, бидејќи членови на семејството имаат слична изложеност во детството на одредени инфекции (како што е Epstein-Barr вирусот), промени на наследните гени што ги прави со поголема веројатност да добијат Hodgkin-ова болест или некоја комбинација од овие фактори.

Социо-економски статус

Ризикот од Hodgkin-ова болест е поголем кај луѓето со повисока социо-економска позадина.Причината за ова не е јасна.Една од теориите е дека децата од побогатите семејства може да бидат изложени на некој вид на инфекција (како што се Epstein-Barr вирусот) подоцна во животот отколку децата од помалку богатите семејства, што на некој начин може да го зголеми ризикот.

ХИВ инфекција

Ризикот од Hodgkin-ова болест е зголемена кај луѓето заразени со ХИВ вирусот што предизвикува СИДА.