images (3)

Употребата на кората од бела врба (Salix Alba) датира уште од 500 год. п.н.е. кога древните кинески исцелители ја употребувале за намалување на болката, треската и високата температура. Индијанските народи исто така ја користеле кората од ова дрво за отстранување на главоболката, ревматичните и мускулните болки.

Денес во алтернативната медицина екстрактот од кората од белата врба е особено познат и популарен заради неговите аналгетички, антипиретички, антивоспалителни и антиревматски својства.

Кората од бела врба содржи гликозид наречен салицил, супстанца која организмот ја претвора во ацетил салицилна киселина која што е наречена “природен аспирин“. Кората од бела врба всушност е основната суровина од која се произведува аспиринот во фармацевтската индустрија.

Кората од бела врба има идентичен ефект како и аспиринот, но белата врба за разлика од аспиринот може подолготрајно да се употребува бидејќи не предизвикува желудечни и цревни проблеми како што се грчеви и крварење во дигестивниот систем.

Салицилот како и аспиринот ја оневозможуваат агрегацијата на тромбоцитите во крвните садови, поради што кората од бела врба го превенира и настанувањето на тромбозата во крвните садови.

Медицинска примена и делување:

– При покачена телесна температура;

– Смирувачки делува при болки од различен карактер: болки во мускули и зглобови, главоболка, треска, ревматизам, артритис, остеопороза, вклештени нерви, менструални болки и грчеви;

– Ги превенира кардиоваскуларните заболувања;

– Ги намалува жешките бранови во менопаузата.