-Исхраната треба да биде избалансарина за да ги задоволи дневните потреби на организмот од минерали и витамини;

-Избегнувајте тешки и мрсни јадења, сувомесни и пушени намирници;

-Во исхраната користете претежно младо телешко, пилешко, бело месо и што повеќе риба (печена во фолија или варена);

-Намалете ја количината на белковини и избегнувајте полномасно млеко или сирење и индустриски јајца;

-Шеќерот во секоја прилика заменувајте го со мед или малтекс;

-Пијте редовно мешавини од билни чаеви кои ќе ги набавите во билна аптека, а не од некои лица кои ви гарантираат излекување;

-Појадокот и вечерата нека ви бидат претежно од овесни или сојини лушпи потопени во немасно млеко или овошен сок, засладени со мед и со додаток на сецкани јатки (ореви, бадеми, лешници..) и сушено овошје (јаболко, праска, сливи, кајсии…). Исто така многу е корисно да се јадат варени житарици како пченица или јачмен засладени со мед/ораси/сусам/таан;

-Избегнувајте да користите садови и чаши од пластика или друга амбалажа;

-Не користете го истото масло за пржење повеќе пати;

-Зеленчукот и овошјето треба секојдневно да се застапени во вашата исхрана и тоа во свежа состојба како салати и овошни каши и сокови;

-Редовно и најмногу користете во исхраната свежи моркови и цвекло рендани како салата или сок.