40_31_08_2013_21_44_19_64756

Лигнаните присутни во лененото семе допринесуваат за подобро здравје и витка линија кај понежниот пол

Жените кои имаат зголемен внес на лигнани (присутни во маслото од ленено семе) а со тоа и зголемено ниво на метаболити во крвта, имаат понизок индекс на телесна тежина (BMI) и помалку телесно масно ткиво, наведува најновата студија од Канада.

Студија со 115 пост-менопаузални жени покажува дека оние со највисоко ниво на ентеролактон во крвта, метаболит на лигнанот, имале BMI за 4 кг/м2 помалку отколку жените со помало просечено ниво на истиот во крвта, според резултатите објавени во British Journal of Nutrition.

Уште повеќе, највисокото ниво на ентеролактон во крвта било асоцирано со 8.5 кг помалку телесно масно ткиво, во споредба со жените со пониско ниво на истиот во крвта, изјавуваат истражувачите од Laval University во Квебек.

Растителните лигнани, од извори како што се лененото семе, житариците, малиновидните растенија, овошјето и зеленчукот, се метаболизираат во дебелото црево од микрофлората во ентеродиол и ентеролактон. Претходните истражувања беа фокусирани на растителните лигнани заради намалување на ризикот од карцином на простатата и подобрување на менопаузата.

l2

Главниот лигнан од лененото семе е секоизоларицирезинол диглукозид (SDG), кој се метаболизира во ентеродиол и ентеролактон. Понатаму овие два метаболити се абсорбираат во желудникот и се транспортираат во црниот дроб каде што подлежат на понатамошни реакции пред да навлезат во циркулацијата.

Исто така, жените со највисокото просечно ниво на ентеролактон имале подобрена стапка на искористување на глукозата (8.3 наспроти 5.5) и значително пониско ниво на глукоза во крвта, во споредба со жените со пониско просечно ниво на ентеролактон во крвта.

„Како заклучок, жените со највисоки концентрации на ентеролактон имале подобар метаболички профил, повисока инсулинска сензитивност и биле со подобра тежина“, наведуваат истражувачите.