Новите истражувања во врска со срцевото здравје ја вклучуваат Омега-3 масната киселина DHA (докозахексаеноична киселина). Најверојатно DHA може да помогне во намалувањето на нивото на Ц-реактивниот протеин (CRP) во крвта кај луѓето кои имаат високо ниво на триглицериди во крвта (хипертриглицеридемија).

0000000138

Воспалението е процес со кој телото одговара на повреда или инфекција, и научниците откриле дека воспалението може да има клучна улога во кардиоваскуларните заболувања. Според American Heart Association, Ц-реактивниот протеин е протеин на акутната фаза кој се покачува за време на системското воспаление. Се сугерира дека испитувањето на нивото на CRP може да биде еден од начините за откривање на ризикот од срцеви заболувања.

Една студија публикувана во Journal of Nutrition открива дека „суплементацијата со DHA го намалува серумското ниво на Ц-реактивниот протеин и останатите маркери на восплаението кај луѓето со хипертриглицеридемија”. Се заклучува дека „DHA може да го намали воспалителниот одговор преку менување на крвните липиди и нивниот масно киселински состав”. Суплементите со Омега-3 масната киселина DHA може да ги намалат материите асоцирани со воспалението до 20%, според најновите истражувања.

Луѓето со покачено ниво на триглицериди во крвта кои користеле суплементи кои содржат DHA имале пониско ниво на маркери во крвта, како на пример Ц-реактивниот протеин (CRP) и интерлеукин-6 (IL-6), споредено со луѓето кои не користеле вакви суплементи.dha

Омега-3 масните киселини, особено DHA и EPA (икозапентаеноична киселина), се поврзани со широк спектар на здравствени бенефити, вклучувајки намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и некои карциноми, правилен развој на бебето за време на бременоста, здрави зглобови и подобро расположение и однесување.

Kelley, во соработка со научниците од University of California, Davis and the Veterans Affairs Northern California Health Care System, соработувале со 34 луѓе со хипертриглицеридемија (на возраст помеѓу 39 и 66 години) и случајно ги одбрале да земаат DHA суплементи (3 грама на ден) или плацебо од маслиново масло во период од 90 дена.

Двојно слепа, рандомизирана, плацебо-контролирана паралелна студија покажала дека суплементацијата со DHA за 45 дена резултирала со намалена количина на циркулирачки бели крвни клетки (неутрофили) за 11.7% и ова намалување било одржувано до крајот на 90-дневната студија (10.5% намалување).

Бројот на циркулирачки неутрофили бил позитивно поврзан со концентрацијата на Омега-6 масните киселини во црвените крвни клетки и негативно поврзан со нивото на двете EPA и DHA во црвените крвни клетки.

Додека другите маркери на воспалението не биле променети во периодот од првите 45 дена, на крајот на студијата Kelley и неговите соработници покажале дека нивото на CRP се намалило за 15% и IL-6 се намлило за 23%. Исто така, нивото на против-воспалителниот матрикс металопротеиназа-2 се покачил за 7%.

„Како заклучок, DHA може да го намали воспалителниот одговор преку менување на крвните липиди и нивната масно киселинска градба”, напишале Kelley и неговите соработници.