images

Калциум – Ca

  • Калциумот учествува во изградба на коските и коскеното ткиво.
  • Ca + Mg  во комбинација поволно делува на КВС (го регулира ритамот на срцевата работа).
  • Ca ја подобрува апсорпцијата на витаминот Д.
  • Дневна доза од Ca е од 800 до 1200 мг.
  • При земањето на газирани сокови Ca во организмот се намалува па затоа се додава во состав на соковите.
  • За превенција на остеопорозата Ca се зема во доза од 3 мг и во комбинација со витамин А, Ц и Д.

Хром – Cr

  • Хромот учествува во метаболизмот на шеќерот заедно со инсулинот.
  • Учествува во транспортот на протеините од крвта до ткивото.
  • При недостаток на Cr се јавува артериосклероза и дијабет.
  • Дневна доза од Cr изнесува од 50 до 200 мг.

Бакар – Cu

  • Бакарот учествува во искористувањето на тирозинот и во пигментацијата на кожата и косата.
  • Овозможува подобро користење на витаминот Ц.
  • Дневна доза е од 1,5 до 3 микрограми.

Флуор – F

  • Флуорот се користи како превентивна мерка во борба против кариесот и обојувањето на забите.
  • Дневна доза од F е од 1 до 4 микрограми.

Јод – Ј

  • Јодот ја помага работата на тироидната жлезда, а поради неговиот недостиг доаѓа до зголемување на телесната тежина и намалување на енергијата.
  • Покрај ова јодот учествува во согорувањето на мастите и го регулира растењето.
  • Јодот е извор на дополнителна енергија за мозокот, косата, ноктите, кожата и забите.
  • Дневна доза е 150 до 200 микрограми.

Железо – Fe

  • Железото учествува во стварањето на хемоглобинот и еритроцитите и е основен лек во лечењето на анемиите.
  • Покрај тоа ја зголемува отпорноста од инфекциите, се дава за намалување на заморот и малаксаноста на организмот и ја одржува кожата.
  • Препорачана дневна доза на железо е од 10 до 20 мг за возрасни, а кај трудниците и до 30 мг дневно.

Магнезиум – Mg

  • Магнезиумот има големо значење и е одговорен за правилната работа и функционирање на нервниот систем и мускулното ткиво.
  • Потребно е да се дава во сите стресни ситуации како антистресно средство.
  • Поволно делува на КВС и срцевите заболувања.
  • Магнезиумот го потенцира дејството на витамините Б1, Б2 и Б6.
  • Магнезиумот треба да го користат спортистите поради подобрувањето на енергијата.
  • Поради недостиг на Mg во организмот се јавуваат грчеви.
  • Дневна доза е 250 до 300 мг.

Калиум – К

  • Калиумот поволно делува во регулирањето на водниот баланс во организмот и ритамот на срцевата работа (К делува во клетката). Кога ќе дојде до пореметување на рамнотежата на К + Nа страдаат нервниот и мускулниот систем.
  • Хипогликемијата секогаш оди со намалувањето на Калиумот.
  • При намалувањето на К во организмот се јавуваат отоци.
  • Хипокалиемија може да настане поради консумирање на големи количини на алкохол, кафе и диуретици.
  • Дневна доза на К е од 1 000 до 2 000 микрограми.

Селен – Se     

  • Селенот е добар антиоксиданс и го спречува стареењето на организмот. При употреба на Селен секогаш треба да се зема и витамин Е.
  • Мажите имаат поголема потреба од Se бидејќи истиот се губи со лачењето на спермата.
  • Жените треба да го користат во менопаузата (ги смалува нападите на топлина).
  • Се користи во лечењето на дисебореата и во спречувањето на создавањето на првутот.
  • Se има антиканцерогено дејство, и поволно делува на еластичноста ткивото.
  • Дневна доза на Se е 50 до 100 мг.

Натриум – Na

  • Na + К имаат големо значење во развитокот и растењето. Внесувањето на големи количини на Na во организмот го смалува К во клетките.
  • Na поволно делува на правилната работа на нервното и мускулното ткиво
  • Поволно делува при исцрпност и сончаница.
  • За здрав човек потребно е дневна количина од 500 мг на сол (Na Cl). Потребите од сол се зголемуваат во летниот период поради губењето на солта со потењето.

Цинк – Zn

  • Цинкот го контролира метаболизмот и одржувањето на ензимите и учествува во градбата на протеините.
  • Поволно делува во регулирањето на ацидо-базната рамнотежа.
  • Помага во стварањето на инсулинот, поволно делува на простатата, на работата на мозокот и се користи во лечењето на шизофренијата.
  • Покрај тоа се користи во лечењето на стерилитетот и заболувањата на простатата (Zn + В6).
  • При лечењето на хиперхолестеринемијата.
  • Zn се користи во терапијата на алкохололичарите и дијабетесот (Zn + витамините Б и Ц).

 man_minerals