Ракот не е само здравствен проблем. Тој има големо влијание на општествено, економско и развојно ниво, како и импликација на човековите права.

  • Околу 47% од случаите на рак и 55% од смртните случаи од рак се случуваат во помалку развиените региони на светот.
  • Се предвидува целата оваа сегашна ситуација да биде влошена. До 2030 година, ако тековните трендови продолжат, случаите на рак ќе се зголемат за 81% во земјите во развој.
  • Денес, влијанието од поединците со дијагностициран рак, заедници и популации се заканува да го спречи остварувањето на Милениумските развојни цели (МРЦ) до 2015 година.
  • Ракот е и причина и резултат на сиромаштијата. Негативно влијае врз способноста на семејството да заработи дополнителен приход кој што е потребен за третирање на оваа болест, со што ги става во уште поголема сиромаштија. Во исто време, сиромаштијата, недостаток на пристап до образование и намалена здравствена грижа го зголемува ризикот на едно лице од добивање на рак.
  • Ракот се заканува за подобрување на женското здравје и родовата еднаквост. Само два вида на рак, ракот на грлото на матката и ракот на дојката, заедно имаат повеќе од 750.000 смртни случаи секоја година, а голем број од смртните случаи се случуваат во поразвиените земји.

header-logo (1)

TOOLKIT WORLD CANCER DAY 2013

Union for International Cancer Control

www.uicc.org