Млечниот трн  (Silybum marianum) претставува вид на бодликава билка со розево-пурпурни цветови која потекнува од Медитеранскиот регион, но е распространета низ долините и планинските падини ширум светот. При кршење на листовите или стеблото на ова растение истекува млечна бела течност заради која млечниот трн го добил своето име.A1F5731ECB9FA64B9F1EF0E334025ABA

Тој во традиционалната кинеска медицина се употребувал за третман на болести на црниот дроб уште пред 2000 години, а за неговата лековитост знаеле и старите Грци.

Млечниот трн содржи околу 65-80% силимарин (комплекс на флавонолигнани и флавоноиди) и 20-35% масни киселини и има хепатопротективни, антивоспалителни, антиканцерогени и имуностимулативни дејства.

Млечниот трн е одобрен уште во 1986 год. од здравствените институции во Европа како медицинска билка за третман на црнодробни заболувања и успешно се користи за третман на заболувања на црниот дроб, како цироза, хепатитис, некроза и црнодробно оштетување предизвикано од алкохол, лекови (постстероидна терапија), отровни печурки (Amanita phalloides) и др. токсични материи.

Ги заштитува црнодробните клетки преку спречување на навлегувањето на штетните токсини и отстранување на истите од клетките. Исто така ги поправа оштетените клетки и ја зголемува синтезата на протеини во клетката, што доведува до клеточна регенерација и репарација. Има и антиоксидантно, антиинфламаторно и имуномодулаторно дејство.

Млечниот трн исто така покажува одлични резултати во намалувањето на холестеролот, намалувањето на резистентноста кон инсулин кај заболените од тип 2 дијабет, намалување на растот на канцерските клетки кај карциномот на дојка, цервикс и простата, ги намалува симптомите на апстиненцијалниот синдром, состојби на конгестија на бубрезите, слезената карличните органи, истовремено е и умерен лаксатив,ги омекнува и навлажнува мукозните мембрани,бубрезите и мочниот меур,иритирани од воспаление. Истото се однесува и за кожата,заради што помага при состојби на акни,егзем,воспаление и сл.

Силимаринот има антивоспалително дејствои ги регулира инфламаторните медијатори како TNF, TNF-алфа, азотоксид,интерлеукин-6 и е антагонист на интерлеукин-1 рецептор, ја зголемува лифоцитната полиферација,интерферон гама,интерлеукин-4 и интерлеукин-10 цитокини.

Млечниот трн треба да се избегнува кај бремени, доилки, и луѓе со историја на хормонски-зависни карциноми.

Исто така доколку користите некои од следниве медикаменти, консултирајте се со лекар пред употреба на млечниот трн: антипсихотици, халотан, фенитоин, лекови за алергија, лекови за намалување на холестеролот, анксиолитици, антикоагулантни лекови и некои од лековите за карцином, лекови за намалување на шеќерот вокревта,оралниконтрацептиви,антибиотици(еритромицин,рифампин),антидепресиви, антихистаминици,антипсихотици,седативи.