Секој чекор напред е потег на храброст и одлучност, детерминираност по секоја цена да се извојува победа. Тоа е основа на развојната политиката на Витаминка која компанијата ја применува во шесте децении колку што постои и доведе до денешниот статус на компанијата.

Меѓутоа, успехот на компанијата сам по себе не може да значи задоволство ако истиот не се подели со заедницата. Токму затоа корпоративната општествената одговорност претставува составен дел од работата на Витаминка, интегрирана во нејзиното секојдневно бизнис работење и плановите за развој која се манифестира преку активни мерки за заштита на околината, различни општествени донации, развој на човечкиот потенцијал и давање еднакви можности на сите вработени, преку трансфер на знаење и технологии, заштита на потрошувачите и многу други мерки насочени кон подигање на нивото на одговорност кон општеството.

Секој чекор напред, секоја развојна етапа е проследена со вистинска и искрена посветеност кон поддржување на позитивните вредности и стимулирање на развојот на сите сегменти од животот на граѓаните.

Со години Витаминка финансиски помага многу спортски, едукативни, здравствени и социјални инстанции, а особено поединци на кои им е неопходна некаква итна финансиска помош.Вниманиетона Витаминка подеднакво е свртено кон македонскиот спорт во сите форми и видови веќе години наназад, а образованието како еден од столбовите на создавање просперитетно и стабилно општество, па затоа компанијата редовно стипендира студенти на Технолошко-металуршкиот факултет. Витаминка активно ја поддржува и културата, финансиски помагајќи одржување на многу манифестации, концерти, ликовни колонии и слично.Негувањето сериозен пристап кон животната средина е од особена важност за Витаминка за што друштвото постојано се грижи за зачувување на животната средина.

Со последната поддршка од Витаминка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја исфрла на површина филантропската и алтруистичка филозофија што е во основата на оваа компанија. Кампањата и Розовата прошетка што се одржува по деветти пак е одраз на едно исклучително важно прашање за здравјето на населението- превенција и рано откривање на ракот на дојката. Но целиот настан, прошетката и слоганот што стана веќе препознатлив и се врза за непомирливоста и борбеноста на сите оние што се соочиле и се уште се справуваат со ракот на дојка, чекорот напред што води до нова победа. Тоа е истиот чекор, со храброст и одлучност што води до нов успех и победа.

Така што, облекувањето на морските школки Атлантис на Витаминка во розова боја, е повеќе од поддршка, повеќе од грижа, тоа е вистинско подавање рака и охрабрување на сите оние кои се засегнати од оваа болест, дека позади нежната надворешност се крие голема цврстина и енергија да се избори со секој предизвик. Розовите морски школки Атлантис се потсетување и за сите дека храброста и одлучноста започнува со самосвесноста, со самопрегледот, со самопочитта, со солидарноста.