Кои се шансите да развијам рак на белите дробови?

Број еден причина за рак на белите дробови е изложеност на чад од тутун. Шансите се зголемуваат со бројот на испушени цигари како и бројот на години како пушач. Колку повеќе сте пушач или сте изложени на чад од други (пасивно пушење), толку се поголеми Вашите шанси за развој на рак на белите дробови. Луѓе кои никогаш не пушеле може да развијат рак на белите дробови, но нивната шанса е многу помала отколку луѓето кои пушат или кои се изложени на пушење.

Што можам да направам за да го намалам ризикот за развој на рак на белите дробови?

Најдобар начин да се намали ризикот е да се избегнува чадот. Никогаш не е премногу доцна за да се престане со пушењето, но колку побрзо ќе престанете, толку подобро. Дури и ако не можате да се откажете целосно, намалување на бројот на цигари кои ќе ги испушите може да помогне, но намалувањето не е исто како и целосното престанување.
Постојат многу стратегии со кои може да се помогне да се престане со пушењето, вклучувајќи советување, никотинска замена и лекови. На повеќето луѓе им требаат повеќе обиди пред целосно да се откажат од пушење, така да не се обесхрабрувајте. Ако во првиот обид не успеете, продолжете да се обидувате!

Дали постојат други начини за намалување на ризикот од појава на рак на белите дробови?

Постојат многу работи кои се наведуваат како можни за намалување на ризикот, но никој не е докажан. Тие вклучуваат:
– јадење многу овошје
– вежбање
– нестероидни антиинфламаторни лекови (како аспирин)
– инхалаторни кортикостероиди (кои се користат за емфизем и астма)
– статини (лекови кои се користат за висок холестерол)

Јадењето повеќе овошје и вежбањето не е веројатно дека ќе Ви наштети, но зборувајте со Вашиот лекар пред да направите било какви големи промени во Вашата исхрана или ниво на активност.

Дали постојат работи кои го зголемуваат ризикот за појава на рак на белите дробови ?

Постојат неколку работи за кои што се знае дека го зголемуваат ризикот за добивање на рак на белите дробови. Има и други работи што може да го зголемат ризикот но нема доволно информации за да се каже со сигурност. Овие нешта со сигурност го зголемуваат ризикот за рак на белите дробови:
– чад од тутун
– азбест
– радон
– високи дози на дополнителни бета-каротен (кои се пронајдени во некои витамини)

Работи кои може да го зголемат ризикот од добивање на рак на белите дробови вклучуваат:
– додатоци со високи дози на витамин Е
– хормонска супституциона терапија (естроген плус прогестерон)
– честа употреба на алкохол

Ако сте размислување за или веќе користите нешто од ова, разговарајте со Вашиот лекар за нивниот ризик и бенефит.

Што со скрининзите за рак на белите дробови ?

Сега за сега, не се препорачуваат рутински испитувања за рак на белите дробови кај луѓето без симптоми. Правењето на радиографија на градниот кош за да се открие почетокот на рак на белите дробови (пред луѓето да развијат симптоми) не е докажано дека спасува животи. Во тек се студии за да се видат дали КТ (компјутерска томографија) скен може да го откријат почетокот на ракот на белите дробови, иако резултатите не се достапни сеуште. Разговарајте со Вашиот лекар за ризиците и придобивките од скрининг за Вас.

Заклучок 

– Престанете да пушите
– Зборувајте со Вашиот лекар за начините на кои можете да се одвикнете од пушењето
– Зборувајте со Вашиот лекар за тоа што да направите за да го намалите ризикот од рак на белите дробови