Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија на 17 мај 2014 година по шести пат ја организира кампањата за борба против рак на дојка“Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка“. Кампањата „Напред розово 2014“ е настан од поширок јавен интерес чија основна цел е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка. nr14f

Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот.

Здружението Борка како најава на кампањата на 12 мај 2014г. со почеток во 12:00 часот организира прес конференција, која ќе се одржи во Амфитеатарот на Клиничката Болница Аџибадем-Систина каде ќе бидат најавени сите тековни активности за реализација на настаните во рамки на кампањата. На прес конференцијата меѓу другото ќе биде промовиран и видео спотот за кампањата во кој за прв пат се појавуваат жени оперирани од рак на дојка кои ја победиле болеста.