Лимфом е рак на дел од имунолошкиот систем наречен лимфен систем. Постојат многу видови на лимфом. Еден вид е Hodgkin-овата болест. Останатите се нарекуваат non-Hodgkin лимфоми.

Non-Hodgkin лимфомите започнуваат кога еден вид на бели крвни клетки, наречени Т клетки или Б клетки, стануваат абнормални. Клетката се дели повторно и повторно, што создава се повеќе и повеќе абнормални клетки. Овие абнормални клетки може да се прошират на речиси било кој друг дел од телото. Поголемиот дел од времето, докторите не знаат зошто едно лице добива non-Hodgkin лимфом. Вие сте изложени на зголемен ризик ако имате ослабен имунолошки систем или имате одредени видови на инфекции.

Non-Hodgkin лимфомот може да предизвика многу симптоми, како што се:
* Потечени, безболни лимфни јазли на вратот, пазувите или препоните
* Необјаснето губење на тежината
* Треска
* Обилно ноќно потење
* Кашлање, проблеми со дишењето или болка во градите
* Слабост и замор, кои не се губат
* Болка, оток или чувство на исполнетост во абдоменот

Вашиот доктор ќе го дијагностицира лимфомот со физички преглед, крвни тестови, х-зраци (рентген) на градниот кош и биопсија.

Третманите вклучуваат хемотерапија, радиотерапија, таргетна терапија, биолошка терапија или терапија за отстранување на протеини од крвта. Таргетна терапија користи супстанци кои ги напаѓаат клетките на ракот без да им наштетат на нормалните клетки. Биолошката терапија ја зголемува сопствената способност на Вашето тело да се бори против ракот. Ако немате симптоми, можеби нема да е потребен третман веднаш. Ова се нарекува “будно чекање“.