Нутритивна поддршка кај заболените од канцер

Причини за недоволна исхранетост кај заболените од рак
Проблеми поврзани со исхраната кај заболените од рак и нивен третман
Витамини важни за превенција на рак
Проблеми поврзани со витамините кај заболените од рак
Алтернативна и комплементарна терапија

Постигнување на соодветна нутритивна поддршка за време на лекувањето на ракот е особено тешко. Сепак зачувувањето на телесната градба и правилната исхрана ќе ви помогне да ја одржите силата, и на тој начин, може да се подобри секојдневното функционирање и способноста да се справите со терапиите за ракот. Соодветна исхрана може да придонесе пациентот да се чувствува подобро и посилно и може да помогне да се бори против инфекциите.

Малнутрицијата е примарната грижа и е важна причина за болест кај пациентите со рак, која се должи на тешкотијата да се конзумираат доволно калории и хранливи состојки. Протеин – енергетската малнутриција (или протеин – калоричната малнутриција) е особено
проблематична и е најчестата секундарна болест кај пациентите со рак. Таа се јавува кога не се конзумираат доволно протеини и енергија (калории) за да се одржи телесната градба, и со тоа се поттикнува губење на тежината. Кога телесните резерви се сериозно компромитирани, функционалноста на телото опаѓа, што може да доведе до болест, а можеби и смрт. Како резултат на неадекватна исхрана може да се јават исцрпеност, слабост, намалена отпорност на инфекции, губење на напредокот и тешкотии при толерирање на антиканцер терапиите.

Луѓето заболени од рак обично патат од анорексија, која се карактеризира со губење на апетитот. Анорексијата е најдоминантната причина за потхранетост и влошување на состојбата кај пациентите со рак. Друг чест проблем кој се јавува кај ракот е губење на тежината и кахексија. Кахексија е состојба каде телесната тежина драстично се намалува, што се карактеризира со еден постојан губиток на тежина, мускули и маснотии. Позната е
како “wasting“ синдром (синдром на загуба), кој може да се случи и кај поединци кои консумираат доволно храна, но поради компликациите на заболувањето, не може да апсорбираат доволно хранливи состојки. Малнутрицијата, анорексијата и кахексијата се сериозни закана за болните од рак и може да доведат до смрт.

Причини за недоволна исхранетост кај заболените од рак
Постојат многу причини за недоволна исхранетост кај заболените од рак, вклучувајќи го и ефектот на туморот, ефектот од терапијата или психолошки проблеми како депресија.
Растот на туморите во дигестивниот систем може да предизвика блокада, да доведе до гадење и повраќање или да предизвика слабо варење или апсорпција на хранливите состојки. Терапиите за ракот и нивните несакани ефекти, исто така, може да доведат
до потешкотии при исхраната. На пример, по операцијата, може да се случи недоволно апсорбирање на протеини и масти.

Проблеми поврзани со исхраната кај заболените од рак и нивен третман
Пациентите заболени од рак, треба да одржуваат адекватна доза на течности, енергија и протеини. Хранливите потреби на пациентот може да ги пресмета диететичар или лекар,
бидејќи потребите значително се разликуваат од пациент до пациент. За оние пациенти кои имаат тешкотии при јадењето, поради блокадата на горниот гастроинтестинален тракт, како што е отежнато голтање, стеснување на хранопроводот, тумор, болки во стомакот, парализа или други состојби кои го попречуваат нормалното внесување храна, може да се администрира ентерална исхрана преку цевка во носот (или хируршки поставени цевки). Доколку гастроинтестиналниот тракт функционира и нема да биде афектиран од третманите, во тој случај се препорачува ентерална поддршка. Парентерална
исхрана (најчесто инфузија во вена) може да се користи ако желудникот не функционира правилно или поради други причини кои го спречуваат ентералното исхранување.
Треба да се обрне внимание на проблемите при исхраната кои се предизвикани од несаканите ефекти на антиканцер терапијата, за да се обезбеди соодветна исхрана и да се спречи губењето на тежината. Следните предлози ќе ви дадат корисни совети за справување со несаканите ефекти.

За да се справите со губење на апетитот и губење на тежината:
• Јадете повеќе кога се чувствувате најгладни
• Јадете храна која се ужива најмногу
• Јадете повеќе мали оброци и закуски, наместо три големи оброци
• Имајте приготвени закуски при рака, како што се сирење и крекери, крофни, ореви и семиња, конзервирани пудинзи, сладолед, јогурт и тврдо варени јајца
• Јадете високо калорична и високо-протеинска храна.
• Започнете со помали количини за време на оброкот и уживајте во задоволството кое ви го пружа завршувањето на оброкот. Земете дополнителни порции ако се уште сте гладни
• Јадете во пријатна атмосфера со семејството и пријателите
• Консумирајте најмалку 8-10 чаши вода дневно за одржување на балансот на течности
• Размислете за комерцијалните замени на оброк во вид на течност
• Разговарајте со лекарот за можноста за користење на лекови кои го зголемуваат апетитот

Гадењето е заеднички ефект на неколку терапии, вклучувајќи хирургија, хемотерапија, биолошка терапија и зрачење. Ако гадењето е проблематично, следниве методи може да ви помогнат:
• Избегнувајте масна, пржена, зачинета, врела или храна со јак мирис
• Јадете мали оброци, често, но полека
• Ако гадењето е особено полошо наутро, конзумирајте сув тост или крекери пред да станете од креветот
• Обидете да избегнете храна, како бистри течности, тост, крекери, јогурт, шербет, овес, пилешка кожа, овошје и зеленчук кои се меки или испасирани
• Пијте ладни или разладени пијалоци
• Жешката храна може да придонесе за гадењето, па консумирајте храна на собна температура или од ладилник
• Пијте течности (може и со сламка) во текот на денот, но не за време на оброци. Обидете се да лижете коцки мраз
• Разговарајте со лекарот дали е дозволено да користите лекови против гадење (наречени антиеметици)

Повраќањето може да се случи од неколку причини, поради самиот рак, неговата терапија или емотивната вознемиреност. Доколку повраќате следните насоки може да ви помогнат:
• Немојте да пиете или јадете се додека повраќањето не сопре, а потоа консумирајте мали количини на бистри течности
• Доколку можете да толерирате бистри течности, обидете се да конзумирате целосна течна диета (вклучувајќи ги и млечните производи, освен ако тие се тешки за варење). Откако гадењето и повраќањето ќе сопрат, започнете со мали количини и обидете се постепено да ја вратите редовната исхрана.

Ако поради заморот сте спречени да примате адекватна исхрана, следниве стратегии можат да помогнат:
• Обидете се да користите замрзната, конзервирана или храна која е подготвена за употреба
• Јадете високо калорична храна
• Имајте при рака подготвени закуски, како што се сирење и крекери, крофни, ореви и семиња, конзервирани пудинзи, сладолед,  јогурт и тврдо варени јајца
• Поканете ги пријателите или семејството да ви помогнат со подготовката на оброкот
• Размислете за комерцијални замени за оброк во вид на течност

Промените во вкусот може да и дадат на храната метален или исклучителен вкус. Разгледајте ги следниве стратегии за ублажување на промените во вкусот.
• Ако месото има метален вкус, обидете се со други извори на протеини како што се млечните производи, живина, риба, морски плодови, путер од кикирики, јајца, семиња, ореви, тофу и мешунки
• Користете пластични садови за да се намали металниот вкус
• Изберете храна како што се цитрусните сокови, лимонада, сок од брусница, киселите краставички, за да ви помогнат во ублажувањето на металниот вкус. Доколку се присутни симптомите на болно грло, не ги консумирајте овие храни.
• Конзумирајте најразлични јадења
• Обидете се со различни зачини, лековити билки и сосови
• Изберете храна која изгледа и мириса добро
• Пијалаците, кои се премногу солени или слатки, разредете ги со вода
• Мијте ја устата често со сода и вода

Витамини важни за превенција на рак
Следниве витамини се важни за здрава исхрана и исто така може да помогнат во превенција на ракот. Нивната улога во одржување на здравјето и нивните најдобари извори се наведени подолу.

Витамин А (ретинол, каротен)
• улога во растот и регенерирањето на телесните ткива
• важен е при ноќно гледање
• за функцијата на имунолошкиот систем
• најдобри извори: јајца, плодови во темно зелена и жолта боја, зеленчук, немасни млечни производи и црн дроб

Витамин Б6 (пиридоксин)
• улога во формирање на антитела
• важен дел во јаглените хидрати и протеините
• црвените крвни клетки
• нервната функција
• најдобри извори: посно месо, риба, живина, цели зрна и компири

Фолна киселина (фолати)
• помага во формирањето на црвените крвни клетки
• важен во метаболизмот на протеините
• раст и делба на клетките
• најдобри извори: зелен листен зеленчук, пилешко, овошје, грав, збогатени житарки, ореви и портокали

Витамин Ц (аскорбинска киселина)
• отпорност на инфекции
• важен во одржување на колагенот
• придонесува за лекување на рани
• ги зајакнува крвните садови
• помага во одржувањето на здрави непца
• најдобри извори: цитрусни плодови, домати, бостан, брокула, зелени и црвени пиперки и бобинки

Витамин Е (токоферол)
• може да помогне во функцијата на имунолошкиот систем
• важен во спречувањето на оксидацијата на црвените крвни зрнца и клеточните мембрани
• најдобри извори: растителни масла, пченица, ореви, темно зелен зеленчук, грав и цели зрна.

Се верува дека антиоксидантните витамини го заштитуваат телото од штетните слободни радикали, кои можат да придонесат за заболувања како што е ракот. Антиоксидантни витамини вклучуваат витамин А, Ц и Д. Но, премногу високи дози може да придонесат до
зголемување на оксидативниот стрес и затоа може да бидат штетни за ризикот од рак.
Исхраната богата со овошје и зеленчук (содржи Б6, фолна киселина и ниацин) се појавува како заштита против рак на желудникот, а особено рак на цревата.

Една студија објави дека зеленчукот, особено брокулата, зелје, прокељ, карфиол и зелка се поврзани со намалување на ризикот од рак. Друга храна како што се морковите, грав и готвените домати, исто така, се поврзани со намалување на ризикот од рак.

Компонента на витаминот Е, токотриенол, е поврзана со намалување на ризикот од рак на дојка кај лабораториските животни. Докажано е дека токотриенолот лесно ги убива клетките на туморот. Токотриенол не е материја од ист тип пронајдена во генеричкиот Витамин Е, но го има во изобилство во палминото масло. Палмино масло е тешко да се добие во Западниот свет, но пониски концентрации на токотриенол се наоѓаат во оризовото и пченичното масло.

Истражувачите тврдат дека одговорот не е во ниту една хранлива состојка, туку дека ефектите се кумулативни и зависат од внесување на различни овошја и зеленчуци. Затоа што има многу повеќе хранливи материи на располагање во храната, како што е овошјето
и зеленчукот отколку во витамински додатоци, храната е најдобар извор за стекнување на потребни витамини и минерали.

Проблеми поврзани со витамините кај заболените од рак
Постојат загрижености во врска со нивоата на антиоксиданси во текот на хемотерапијата и радиотерапијата. Истражувачите прикажуваат дека во истражувањата со лабараториски глувци, големи количини на витаминот Ц се консумира од туморите во текот на хемотерапијата. Витаминот Ц е антиоксиданс кој ги консумира слободните радикали
и се смета дека можеби интерферира во процесот на убивање на клетките на ракот во текот на хемотерапија или терапија со зрачење. Затоа, пациентите подложени на хемотерапија се советуваат да не земаат големи количини на витамин Ц.

Уште една истражувачка студија, исто така, ги предупреди болните од рак за витамин А и витамин Е за време на хемотерапијата, поради тоа што покажаа протективен ефект за клетките на ракот кај лабораториски глувци.  Овие антиоксиданси може да ги заштитуваат од уништување не само нормалните клетки, туку може да ги заштитуваат и опасните клетки на ракот, за да не бидат уништени во текот на терапијата. Истражувачите укажуваат на тоа дека исхраната со антиоксиданси треба да се избегнува при терапијата на ракот.
Пушачите се советуваат да не консумираат храна богата со бета-каротен (витамин А), бидејќи истражувањето покажа поврзаност со зголемена инциденца на рак на белите дробови.

Алтернативна и комплементарна терапија
Не постои алтернатива или комплементарна прехранбена терапија, која се покажала ефикасна за превенција или лекување на ракот. Меѓутоа, неколку видови храна како што се лукот, растителните стероли, полифенолите од зелениот и црниот чај, соја производите (соја изофлавони) во претходните истражувања за антиканцерогени својства се покажаа ветувачки. Многу од овие производи активно се тестираат во клинички испитувања за да се откријат анти-канцерогени својства. Што се однесува за превенцијата, последните истражувања јасно покажаа дека внесувањето на овошје и зеленчук се поврзани со пониска инциденца за некои видови на рак. Важно е да се провери со диететичар или лекар пред да се земаат било какви додатоци во исхраната или алтернативни терапии, бидејќи тие може да попречат во третманите или да интерферираат со лековите за ракот.