Акцијата “Во Прегратка на пријатели” финализираше минатата недела со промоција на музички спот за песната “За секој нов ден“ и публикација во која се објавени фотографии и изјави од сите фази од проектот. Промоцијата се одржа во Клубот на новинари пред голем број пријатели и поддржувачи на “Борка”, на кои им се обратија Биба Додева (Претседател на Борка) и поддржувачите: Амернис Нокшичи – Јовановска, Ирена Спировска, Блага Петреска, Магдалена Ризова, Петар Младеновски, Сашо Мацановски – Трендо, Ален Бергант (Амбасадор на Словенија во Република Македонија).

Преку проектот Борка се обиде да предизвика мобилизација и здружување на повеќе релевантни фактори во процесот на справување со овој вид на карцином. Радува фактот што во текот на кампањата активно учествуваа претставници од домашните институции, граѓанските организации, меѓународниот фактор, како и самите пациети – победници на ракот – кои безрезервно ја дадоа својата поддршка на пациентите во нивната истрајност во борбата со оваа болест. Сите тие имаат важна улога во анимирање на целото општество преку активности кои допираат до легислативата во здравството, свеста кај населението, пренесување на позитивните искуства, како и грижата и третманот на заболените.

Сите овие фактори треба активно да учествуваат во овозможување на информираност, редовни прегледи, рана дијагноза, адекватен и навремен третман, но и грижа и поддршка на пациентите заболени од ракот на дојка.

До галеријата на фотографии од настанот

За секој нов ден: музички ТВ спот