Борка излезе во пресрет на барањата на Сојузот на Слепите во Република Македонија и Активот на жени пензионерки од Аеродром и во соработка со д-р Маја Чапова од ПЗУ РЕМЕДИКА организираше едукативни работилници за ракот на дојка при што акцентот беше ставен на неопходноста од редовен самопреглед.

И во 2009 година „Борка“ ќе продолжи со едукација на населението посебно на маргинализираните групи, пензионерските здруженија, социјалните загрозените случаи итн.