Денеска претставници од Здружението БОРКА остварија средба со директорката на Клиниката за детски болести Доц. др. Аспазија Софијанова на која дискутираа за остварување на заеднички активности во однос на малигните заболувања кај децата
 
„Процентот на малигните заболувања кај децата во Македонија се зголемува. Вообичаено малигнитетите кај децата се тврдокорни, хронични прогесирачки и доведуваат децата да не можат да ги обавуваат своите секојдневни активности како на пр. одење во градинка, на училиште и слично.Самиот процес на примање на цитостатици и хемотерапија особено е макотрпен кај нив, а  кај дел од карциномите кај децата потребен е и третман со радиотерапија и во блиска иднина треба да се размислува за алијанса помеѓу Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија. Во последно време особено е зголемен бројот на деца заболени од леукемија (за околу 5 %),  солидни малигни тумори и малигните тумори на мозокот.Изразувам особена благодарност до Здружението БОРКА за активностите за пристап до современа терапија на пациентите со малигни заболувања.„-изјави Доц. др. Аспазија Софијанова 
 
” Трагичен е фактот кој укажува дека смртноста кај децата со малигни заболувања во Македонија е во пораст. Иако нашето Здружение досега има реализирано повеќе активности за најранливата категорија-деца со малигни заболувања со надеж за нивно побрзо оздравување сметаме дека е потребно уште повеќе да се вложува во подобрување на условите на децата и нивните родители кои се соочуваат со ракот. Во консултација со др. Софијанова и вработените од Клиниката за детски болести во иднина ќе превземеме активности за регистрација и ставање на позитивна листа на одредени лекови кои не им се достапни на децата со малигни заболувања. Во контакт сме со кампот за рекреација за деца со малигни и хронични болести Батор Табор во Унгарија каде што би можеле и деца со малигни заболувања од Македонија да го поминат својот одмор бесплатно„-изјави претседателката на БОРКА Биба Додева