Денеска се одржа IVтата Национална конференција за борба против рак на дојка во организација на Здружението за борба против рак Борка – за секој нов ден, полноправен член на Европската асоцијација за борба против рак на дојка – ЕУРОПА ДОНА.
Воведно обраќање на конференцијата имаше Г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружение за борба против рак Борка – за секој нов ден, која ги истакна активностите за коишто Борка ке се залага во текот на следната година:
- Превземање на иницијативи за промена на законските нормативи, во однос на правата на пациентите, здравствената заштита и палијативната нега.
- Усогласување на протоколите за рана дијагноза, третман и лекување согласно европските протоколи.
- Создавање на услови за имплементација, стандардизирање и примена на најсовремените лекови и терапии кои ги исполнуваат критериумите од ЕУ и синхронизирање на законот за лекови и правилниците издаден од страна на Европската агенција за лекови ЕМА и препораките од СЗО
- Надминување на дефицитот на обучен и едуциран кадар, особено радиолози и патолози.
- Изработка на Канцер регистар со точна бројка на новодијагностицирани случаи, годишна стапка на преживување, морталитет итн.
- Воведување на организиран скрининг за рак на дојка.
Д-р Јованка Костовска, раководител на сектор за превентивна здравствена заштита, Претставник од Министерството за здравство на РМ, зборуваше за моменталната состојба во Македонија за ракот на дојка.
Г-ѓа Маја Иванова, Сопруга на Претседателот на Република Македонија ја даде својата поддршка на сите жени кај кои е дијагностицирана оваа болест и ја истакна важноста за раното откривање на карциномот на дојка.
Н.Е. Г-ѓа Мариет Шурман, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија се осврна на „Холандските искуства во превенцијата на рак на дојка“
Г-ѓа Мери Џо Волерс, Сопруга на Амбасадорот на САД во Република Македонија се осврна на „Американските искуства во борба против ракот на дојка“
Д-р Маја Чапова – Стојчевска, Специјалист радиолог, Клиничка болница Систина – Скопје зборуваше за „Скринингот и најновите методи за рана дојагностика на рак на дојка ( Ултразвук, Магнентна Резонанца,Мамографија)“
Проф. д-р Андреја Арсовски, Специјалист во областа на тораковаскуларната хирургија, Прва приватна општа болница Ремедика – Скопје се осврна на „Рано откривање и современиот третман на карциномот на дојка“
Мр.д-р Симонида Црвенкова, Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиологија и онкологија – Скопје зборуваше за „Можности на онколошки третман на карцином на дојка во Македонија“
Д-р Огнен Даскалов, Субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, ПЗУ Д-р Даскалов – Скопје се осврна на „Реконструктивната и естетска хирургија во Македонија“
Борка за секој нов ден
O коментари