Здружението за борба против рак – Борка, на Национална трибина за ракот на дебелото црево, која се оддржа на 01.04.2011 година, по трет пат го одбележаа месец Март како светски месец за подигнување на свеста за ракот на дебелото црево.

Воведен говор оддржа Г-ѓа Биба Додева – Претседател на  здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден“, која истакна дека на национално ниво застапеноста на колоректалниот карцином има многу висока стапка и не е доволно обрнато внимание на овој сериозен здравствен проблем. Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден“  на 30ти Март 2011 година до Министерството за Здравство на РМ достави предлог програма за превенција, рана дијагностика и терапија на колоректален карцином, со цел справувањето со колоректалниот карцином да се стави на листата на приоритети на Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени институции и воедно да се алоцираат посебни средства од буџетот за решавање на овој животозагрозувачки проблем за многу граѓани, осигуреници на здравствениот систем на РМ.

Свои излагања и предавања на трибината имаа:
– Д-р Јованка Костовска – Раководител на секторот за превентива здравстена заштита во Министерството за Здравство на РМ
– Проф.Д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и Декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот “Св Кирил и Методиј“ – Скопје
– Проф. Д- р Мирко Крстевски –  гастроентерохепатолог при Универзитетскиот клинички центар, Клиника за гастроинтерохепатологија – Скопје
– Проф.Д-р Лилјана Спасевска, специјалист – патолог при Институтот за патолошка анатомија – Скопје
– Д-р Билјана Гроздановска, специјалист радиотерапевт – онколог при Институтот за радиотерапија и онкологија – Скопје

Оваа Национална трибина за ракот на дебелото црево беше помогната од:
Хофман Ла Рош, Претставништво Скопје и Алкалоид, Скопје.

[Not a valid template]