Во текот на месец Јануари 2011 година Борка одржа 5 едукативни сесии за ракот на грлото на матката. Едукативните сесии беа одржани во Тетово, Струмица, Прилеп, Куманово и Охрид.

Предавањата ги посетија голем број на жени кои се запознаа со превентивните методи и раната дијагностика на ракот на грлото на матката.

Едукативниот и стручен дел од оваа сесија  го реализираа Др. Емилија Трајковска, специјалист гинеколог-акушер, која се осврна на  проблематиката за подигање на свеста кај популацијата и превенцијата на ракот на грлото на матката, Др.Ирена Андонова, специјалист гинеколог-акушер од Гинеколошко-акушерската болница „Св.Лазар“ во Скопје, се осврна на карциномот на матката и јајниците. Проф.др.Васил Илиев, специјалист гинеколог-акушер од Гинеколошко-акушерската болница „Св.Лазар“ во Скопје, зборуваше за најчестите заболувања во пери-менопаузата.

Борка и понатаму продолжува со своите активности за борба против овој вид на малигном.

Струмица, 10.02.2011

[Not a valid template]

Прилеп, 15.02.2011

[Not a valid template]

Куманово, 16.02.2011

[Not a valid template]

Охрид, 17.02.2011

[Not a valid template]