Ракот на дојката е вториот најчест вид на рак кај жените. Околу 1 oд 8 жени родени денес во САД ќе добијат рак на дојка во даден период.

Добрата вест е дека многу жени може да преживеaт со рак на дојка, ако тој се открие на време и се третира рано. Мамограм – скрининг тест за рак на дојка – може да помогне да се открие ракот на дојка на почетокот кога тој е полесен да се третира.

Националниот месец на ракот на дојката е шанса да се подигне свеста за важноста на раното откривање на ракот на дојката. Направете разлика! Раширете ја веста за мамограмите и поттикнете ги заедниците, организациите, семејствата и поединците да се вклучат.

 

Како националниот месец на ракот на дојката може да направи разлика?

Можеме да ја искористиме оваа можност да ја рашириме веста за чекорите кои жените можат да ги преземат за да го откријат ракот на дојката порано.

Ова се само неколку идеи:

  • Побарае од лекарите и медицинските сестри да зборуваат со жените за важноста на правење скрининг за ракот на дојката.
  • Охрабрувајте ги жените на возраст од 40 до 49 да разговараат со своите лекари за тоа кога треба да започнат да добиваат мамограми.
  • Организирате настан за да разговарате со жени на возраст 50-74 во вашата заедница за правење мамограми на секои 2 години.

 

Како можете Вие да помогнете во ширењето на веста?

Ние направивме да биде полесно за Вас да се подигне свеста за ракот на дојката. На пример:

  • Додадете информации за скрининг на рак на дојка на Вашиот newsletter .
  • Tweet-увајте за националниот месец на ракот на дојката .
  • Додадete web badge на Вашиот веб-сајт .

 

10624956_781431331915732_8108205265827332900_n