Во вторникот (19.02) Борка официјално ја отвори својата канцеларија и при тоа одржа отворен состанок со поширокото членство и заинтересираните граѓани.

На одржаната средба присутните беа запознаени со идните планови и програмата за работа за 2008 година. Она што вреди да се напомене е тоа што во Борка членуваат луѓе од различни општествени структури со различни потреби и интереси – тука се пред се лицата заболени од рак и нивните најблиски, потоа оние граѓани кои биле или се сведоци на борбата со оваа пакосна болест, а голема поддршка подбиваме од студентите (посебно студентите од психологија), активистите за човекови права, голем број хумани граѓани. Тоа дополнително не охрабрува да ги реализираме предвидените активности и оствариме планираните цели – да ја пружиме потребната поддршка на заболените од рак и нивните семејства, но и да ја информираме и зголемиме свеста и одговорноста кај граѓаните за сопственото здравје.

Отворањето низ слики