Здружението Борка- за секој нов ден” распишува конкурс за отворено работно место Програмски асистент.

Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС
  • Искуство во пишување и имплементација на национални или меѓународни проекти
  • Способност за организирање и држење на презентации
  • Одлична вербална и пишана комуникација на македонски и англиски јазик
  • Напредни компјутерски вештини (познавање на апликации за канцелариско работење, ажурирање на веб-сајтови, и користење на социјални медиуми за промоција).
  • Способност за тимска работа на проекти
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Функционална возачка дозвола
  • Почитување на флексибилност во однос на работно време и работни задачи
  • Поседување на висока професионална и морална етика

Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во областа на невладините организации како и познавање на теми од областа на здравството.

Заинтересираните кандидати да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на следните адреси info@borka.org.mk и biba@borka.org.mk до 17.03.2014.