Почитувани,

 

Розовиот Карaван 2014 продолжува. Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден“ во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје, ја продолжува кампањата за подигање на свеста кај населението за ракот на дојка.

 

На 24 ноември (понеделник), во Прилеп, со почеток во 18:30ч. во просториите на Домот на Културата (библиотека), ќе се одржи предавање на кое свои обраќања ќе имаат:

 

  • Биба ДОДЕВА, Претседател на „Борка-за секој нов ден“
  • д-р Славица КРАЛЕВА, спец. онколог-радиотерапевт, КБ Аџибадем Систина
  • д-р Драган СМИЛЕВСКИ, торакален хирург, КБ Аџибадем Систина
  • Жаклина ЈОВАНОВСКА, претставник на Медикус Хелп, Скопје

 

 

Предавањето е од голема важност како за заболените од рак, така и за сите потенцијални пациенти на кои ќе им бидат презентирани најновите сознанија и инфорамции за ракот и достигнуваата во оваа област. Со тоа ќе ја подигнеме свеста за ракот како потенцијално излечива болест, доколку се открие навреме.

 

Ве очекуваме…