Пчелиниот полен е машко семе со големина на прав кој се наоѓа на толчникот на секој цвет.Поленот се собира на нозете на пчелите како што тие се движат од цвет на цвет. Пчелите лачат голем број на ензими вополенот. Поленот најчесто се собира комерцијално со поставување на посебен уред на влезот на кошницата за пчеликој ги четка супстанците од нивните задни нозе воспецијален сад за собирање.

Пчелиниот полен е меѓу најстарите познати додатоци во исхраната. Неговата употреба како средство за подмладување и лекдатираат од времето на Египќаните и древнитеКинези. Бил нарекувансо многу имиња, од “фонтана на младоста” до”амброзија на боговите.”Грчкиот лекар Хипократ,нарекувантатко на модернатамедицина, го користел поленот како лековита супстанца од пред 2.500 години.Поленот е богат со витамини, особено Б витамини и содржиминерали во трагови,елементи, амино киселини и ензими.

Поленот е составен од 55% јаглехидрати, 35% протеини, 3% витамини и минерали, 2% масни киселини и 5% други материи. Тој содржи многу мали количини на многу супстанци кои се сметаат за антиоксиданси, вклучувајќи бета каротен, витамин Ц и Е, ликопен, селен и флавоноиди. Во поглед на хранливите и лековитите својства, поленот врши зајакнување на имунолошкиот систем, контрола на телесната тежина, ослободување од алергиските симптоми, зголемување на силата, подобрување на сексуалната функција, подобрување на виталноста и издржливоста,забавување на процесот на стареење и продолжување на животот.

Пчелиниот полен врши зајакнување на имунолошкиот систем преку своите антиоксидантни својства. Антиоксидансите се користат за да ги деактивираат слободните радикали во телото. Слободнитерадикали се нуспроизводи на кислород што можат да ги оштетатклетките и се поврзани со голем број на дегенеративни болести, особено оние кои се поврзани со стареењето. Тие се, исто така, поврзани и со самиот процес на стареење. Антиоксидансите можат да го блокираат понатамошното оштетување, па дури и да намалат голем дел од клеточната оксидација која е веќе направена. Пчелиниот полен се сугерира да се уотребувакако противдејство на влијанието на зрачењето и загадувачите одживотната средина кои го ослабуваат имунолошкиот систем.

Во интернет публикацијата на Bee Onlineод јануари 2000 година на American Apitherapy Society, Steve Schecter, натуропатски лекар, изјавил дека пчелиниот полен е корисен во намалувањето на ефектите од терапијата со зрачење кај жени со рак. Една група од 25 жени подложени на третман за рак на матката, исто така, добиле 20 g (околу две кафени лажички) од пчелин полен три пати ден. Жените изјавиле подобрувања во нивните апетити и чувство на благосостојба и помалку сериозно гадење поврзано со радиотерапијата. Нивното серумско нивона протеини се зголемило, како и нивото на црвени и бели крвни клетки.

Иако многу растителни полени може да предизвикаат или засилаталергии, сепак пчелиниот полен всушност можеда помогне во намалувањето на симптомите на овие состојби. Локалнататерапија со пчелин полен се препорачува да се започне пред сезоната на алергии и потребни се неколку недели да поминат за да се почувствуваат дејствата на поленот. Според една статија во списанието Better Nutritionод Февруари 1998,алерголог од Оклахома успешно го користел пчелиниот полен во третманот на 22000 пациенти со алергии. Сепак, оние кои се алергични на пчелин убод може да се соочат со посериозна (анафилактична) реакцијана полен.
Пчелиниот полен често се користи од страна на спортистите за подобрување насилата,издржливоста, енергијата и брзината. Се вели дека помага мускулите да се опорават побрзо после вежбањето и да се зголеми менталната кондиција на човекот. ”Пчелиниот полен се користи речиси од страна на секој олимписки спортиство светот,”, наведуваJames Higgins, благајник на American Apitherapy Society, во едно интервју за Better Nutrition во Август 1999 г. ”Тој им дава повеќе енергија и подобриперформанси на спортистите за настани како маратони и тие не се толку исцрпени следниот ден.”

 

Потребно е околу два часа за пчелиниот полен да биде апсорбиран во крвотокот. Препорачаните дози за превентивни цели за капсули се две капсули од 450-580 mg, три до четири пати на ден, и
три пати поголема од таа доза за терапевтски цели.Пчелен полен не треба да се загрева, бидејќи ќе го изгуби своето дејство.

Лица кои се алергични на пчелини убоди или производи не треба да користат пчелин полен бидејќи тој може да предизвика сериозна алергиска реакција, вклучувајќи и смрт. Секој оној кој не е сигурен далие алергични на пчелин полен прво треба да проба само мал делза да се види дали постои каква билореакција, или да направи алерго тест.

Постојат ретки случаи на мали несакани ефекти, како што се гастроинтестинална иритација и дијареа, поврзани со внес на пчелин полен.

Пчелен полен нема познати негативни интеракции со други лекови, витамини или суплементи.