Почитувани, 

Здружението БОРКА-за секој нов ден, Здружението за ХПВ на Р.Македонија и Македонското здружение за цервикална и патолошка колпоскопија, Ве покануваат на Прес Конференција по повод  одбележувањето на Европската недела за превенција од рак на грло на матка (22-28 јануари) 2017 година.

Прес конференцијата  ќе се одржи на 25 јануари (среда) 2017 година, со почеток во 12 часот, ЕУ ИНФО ЦЕНТАР , ул.Св.Кирил и Методиј бр. 52-б, Скопје

На Прес конференцијата свои обраќања ќе имаат :

– Г-ѓа Биба Додева, претседател на Здружението „БОРКА-за секој нов ден„

– Доц.Др.Горан Димитров, спец. гинеколог акушер, претседател на ЗХПВМ и Македонско Лекарско Друштво

– Проф.др.Јорго Бабушку, субспец. по гинеколошка оперативна онкологија, претседател на Македонското здружение за цервикална и патолошка колпоскопија

Ракот на грлото на матката е второ по честота малигно заболување и втора причина за смрт од рак кај жените, после ракот на дојка…

Се надеваме на ваша поддршка.

За дополнителни информации слободно контактирајте нè. 

 

Искрено,

Биба Додева, претседател на БОРКА –за секој нов ден

Доц.др.Горан Димитров, претседател на ЗХПВМ и МЛД

Проф.др.Јорго Бабушку, претседател на МЗЦЦПК