Бисер на мудроста 2011

Почитувани,

Здружението за борба против рак – Борка, во соработка со Здружението за ХПВ, ќе реализираат едукативна кампања, во рамките на Европската недела за борба против ракот на грлото на матката 2011. Едукативната кампања ќе ја следи глобалната акција “Бисер на мудроста”, во чии рамки Здруженијата допринесуваат  во подигањето на ниво на свесност за превенција од рак на грлото на матката. Воедно, се  повикуваат девојките и жените да превземат  се за превенција од рак на грлото на матка, преку редовни гинеколошки прегледи, ПАП тестови, одговорно сексуално однесување со сите мерки за заштита од полово преносливи болести и преку редовната програма за вакцинација против ХПВ вирусите.Алармантната состојба за минималното познавање за превенција од рак на грлото на матката кај жените , се должи  на стресот кој тие го доживуваат во рамките на работното место и секојдневните обврски, што директно влијае врз нивната можност навремено и квалитетно да се едуцираат за начините на превенцијата.

Европската Неделата за борба против рак на грлото на матката во Република Македонија ќе биде реализирана во 6 града меѓу кои и Тетово.

Едукативната Сесија во Тетово ќе се одржи на 24 јануари 2011 год (понеделник), во 14.00 часот, во  Клиничката Болница во Тетово.

Предавач ќе биде д-р Флорин Бесими, директор на Клиничката Болница во Тетово. На предавањето ќе земе збор и Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“. Кратко излагање ќе има и д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог и Претседател на Здружението за ХПВ. Обраќање ќе има и претставник од Американското Катче во Тетово, кој ќе се осврне на аспектите на досегашната соработка со нашето Здружение.

Вe покануваме да учествувате на Едукативната сесија, со што сметаме дека ќе дадете голем придонес во едукацијата на целната група, како и во подигнување на свеста кај општата популација за начините на превенција од рак на грлото на матката.

Со надеж ќе ја прифатите нашата покана и ќе продолжите со Вашиот извонреден придонес кон поддршка и развивање програми за појавите кои сериозно го загрозуваат здравјето на жените и општата популација.

Срдечно Ве поздравуваме.

Со Почит,

Биба Додева,
Претседател на Здружението
„Борка – за секој нов ден“