Ракот може да навлезе во животот на личноста, но тоа не значи дека таа личност треба да му дозволи тој да ја преземе контролата. Иако животот се променил, пациентот болен од рак е сеуште истата личност … сеуште единственa, целосна индивидуа каква што отсекогаш  бил. Личноста сеуште живее, дише и преживува. Затоа помогнете му на пациентот да го погледне и запамти ова. Со поттикнување на пациентите, тие можат да создадат нов и исполнет живот за нив самите.

Кога се грижите за пациенти болни од рак и нивните фамилии, може да им зборувате за тоа да воспостават контрола врз факторите што влијаат врз нивното здравје, а тоа значи да имаат активна улога во нивната нега. Ова значи да си ја вратат силата што ракот се обидел да им ја одземе. Пациентите болни од рак треба да станат поттикнувачи на самите себе кога станува збор за здравјето и животот.

На некои пациенти болни од рак ова може да им изгледа застрашувачки и задача за којашто не се подготвени да ја извршат. Но, не мора да биде несовладливо. И не мора да значи дека пациентите ќе треба да си ја преземат врз себе одговорноста за нивната нега. Секој може на свој начин да ја дефинира својата активна улога во текот на лекувањето.

На пример, да се има активна улога во текот на лекувањето може едноставно да значи поставување прашања на докторот и вклучување во процесот на донесување на одлуките. Може да значи и да ангажирате други, како фамилијата и пријатели, со цел да помогнете во класифицирањето на информациите. Може да значи добивање поддршка и охрабрување од другите пациенти што преживеале рак, а дури и поддржување на одреден пристап во однос на ракот.

Да се има активна улога за време на лекувањето од рак може да им помогне на пациентите на некој од следниве начини:

  • Да имаат повеќе контрола врз својот живот.
  • Да добијат детални информации за својата нега.
  • Да се пронајде терапија погодна за секоја индивидуа.
  • Да изградат доверба за да се соочат со предизвиците што претстојат.
  • Да се одржуваат односите со другите.
  • Да се чувствуваат полни со надеж отколку беспомошни.

 

 

Да помогнете на пациентот болен од рак за кого се грижите да воспостави контрола врз факторите што се однесуваат на неговото здравје, може да му го предложите следново:

Препознајте ја својата индивидуалност. Не се задржувајте на статистики. Ракот различно влијае на секоја особа. Тој дури различно влијае и на особи кои што имаат ист вид на рак. Вашите лични вредности и цели исто така ќе влијаат на тоа која терапија ќе биде најдобра за вас.

Едуцирајте се себеси. Вие сте одговорни за вашето здравје. Научите колку што можете повеќе за да се чувствувате порелаксирано во однос на вашата дијагноза и протоколот на лекување. Што повеќе знаете, толку посамоуверени ќе се чувствувате во врска со изборот што ќе го направите.

Фокусирајте се на вашето заздравување. Понекогаш луѓето кои живеат со рак се чувствуваат како жртви. Обидете се да се ослободите од овие чувства за да може да продолжите понатаму. Фокусирајте го целиот вашиот гнев, разочарување и фрустрација во борба против ракот и ужување во животот.

Бидете проактивни. Докторот ќе ви каже кои промени треба да ги очекувате за време на лекувањето. Доколку паѓањето на косата е една од можните несакани последици, најдете стилист кој ќе ви помогне да се чувствувате поудобно со вашиот изглед. Подгответе се себеси сега за да можете полесно да се соочите подоцна.

Утврдете систем за поддршка. Останувањето во контакт со другите може да ве зајакне. Мрежа од пријатели, членови на заедницата и други луѓе кои живеат со рак може да биде основен извор на поддршка и охрабрување во тоа време.

Искажете ги своите чувства. Споделете ги вашите мисли и чувства со пријатели, фамилијата и оние кои се одговорни за да ви ја дадат потребната нега. Може да се чувствувате фрустрирани ако другите кријат имформација од вас или ако луѓето очекуваат да бидете позитивни цело време. Со искажување на вашите чувства, еден од друг да добиете сила.

Предвидени реакции од другите. Некои луѓе околу вас може да се повлечат или да се дистанцираат од вас за да не кажат нешто погрешно. Други може да имаат прашања и да бидат загрижени. Одлучите како ќе се справувате со овие ситуации за да бидете задоволни со резултатот.

Обидете се да го задржите нормалниот начин на живот. Да останите вклучени во работата и рекреативните активности може да ви помогне да се чувствувате повеќе способни да управувате со ситуацијата и да бидете помалку надвор од рамнотежа. Сеуште ќе треба да ја прилагодите вашата секојдневна рутина , но обидете се да го задржите нормалниот начин на живот колку што е можено повеќе.

Прифатете помош. Да побарате од другите исполнување на одредени задачи може да ви помогне да тргнете одреден товар од вас. Исто така тоа е начин да ги задржите врските со околината и да го намалите чувството на изолација. Дозволете пријателите и семејството да ви помогнат со купувањето на потребштини за дома, во домашните обврски, да ве придружуваат на состаноци итн.

Грижете се за себе си. Здрава храна, доволно одмор и вежби кога се препорачува од страна на вашиот доктор, може да ве направи појаки. Грижата за вашето целосно здравје ќе ви даде повеќе енергија и ќе ви помогне да го намалите стресот од ракот и неговото лекување.

Развијте сопствени стратегии за справување со болеста и стресот. Она што ви било утеха низ тежок период пред дијагностицирање на ракот може и сега да ви ги намали грижите. Разговорот со близок пријател, советник или верски лидер може да помогне. Може исто така да пробате и нови техники (техники за релаксација, водење дневник, учествување во нова активност или хоби).

Приклучите се во борбата против ракот. Многу пациенти кои го преживеале ракот се чувствуваат посилни кога се вклучени во борбата против оваа болест. Може да одлучите да волонтирате во собирање финансиски средства со локалната организација за борба против ракот, да учествувате во маршови или да станете бранител поддржувајќи случај, идеја или одредена политика поврзана со ова заболување.

Кога пациентот болен од рак за кого се грижите е во процес на лекување, еве некои дополнителни совети што може да ги предложите за негово зајакнување:

Пронајдете експерти од областа на ракот како заболување. Вие треба да се чувствувате удобно и да бидете сигурни во вашата нега. Изберете болница-институција за лекување на болни од рак што најмногу ви одговара. Одредени болници се специјализирани само за рак. Можеби ова би го преферирале. Ако се гледате со повеќе даватели на нега, осигурајте се дека вашата нега е правилно координирана.

Бидете свесни за вашите права. Вие имате право на одредени права од страна на болницата или докторите. Ова го вклучува правото сами да одлучувате за вашето лекување, да добиете релевантни, актуелни и разбирливи информации и да добиете добра и внимателна нега.

Истражите ги вашите можности за лекување. Научете за видот на рак што го имате, стадиумот и можностите за лекување. Прашајте го вашиот доктор за едукативни материјали и ресурси. Споредете ги придобивките и ризиците од различни видови на терапии за да одлучите која терапија е најдобра за вас.

Истражете дополнителни терапии. Прашајте и искористете ги другите услуги за да го комплетирате вашето лекување, како на пример нутритивна терапија, рехабилитација, советување и духовна поддршка. Осигурајте се во тоа дека вашиот доктор да ја контролира било која дополнителна терапија што ја користите.

Очекувајте го најдоброто. Осигурајте се дека ги добивате одговорите на вашите прашања и вниманието што го заслужувате. Помага ако да пронајдете специјализирана институција за болни од рак каде што вашата целосна нега ќе ја добиете на едно место.

Во ред е да барате второ мислење. Немојте да се плашите дека ќе го навредите вашиот доктор ако побарате второ мислење. Повеќето доктори ја разбираат потребата за второ мислење кога се соочувате со огромна одлука. Вашиот доктор може дури и да го предложи тоа за да ви помогне да ги истражите вашите можности.

Подгответе се однапред. Вашиот доктор може да ви даде идеја за тоа што да очекувате од лекувањето, вклучувајќи ги можните несакани ефекти и како да се справите со нив. Помислете на тоа како терапијата ќе влијае врз вашиот секојдневен живот, вклучувајќи ја работата и семејството.

Поставете си разумни цели. Поставете си разумни цели, без разлика колку се мали. На пример, еден ден може да си поставите како цел да испешачите пет минути повеќе отколку претходниот ден. Не се притискајте премногу. Слушајте ги сигналите на вашето тело за тоа колку можете да издржите.

Учествувајте во планот за лекување. Вашето вклучување во планот за лекување може да ви даде поголемо чувство за контрола и може да ви помогне да се чувствувате посигурни кога ќе започне лекувањето. Од вас зависи колку сакате да бидете инволвирани во донесувањето на одлуките и кога сакате надвор од тоа.

Одржувајте отворена комуникација со вашиот доктор. Главна е комуникацијата о вашиот доктор. Сакате да бидете сигурни дека ја добивате информацијата и советот што ви е потребен за да донесете добра одлука. Исто така треба да го информирате докторот за тоа како се чувствувате и за било кој нов симптом што го доживувате.

Комуникација со докторот

Пациентите болни од рак може да се чувствуваат непријатно или да се двоумат да ги постават прашањата или да ги искажат своите грижи на нивниот доктор. Може исто така да им биде тешко да ја разберат информацијата што ја добиваат. Многу е важно тие да комуницираат со нивниот доктор за да се чувствуваат добро во врска со нивното лекување и за да зајакнат за време на нивната нега.

Предлози за болните од рак со цел подобра комуникација со нивниот доктор:

  • Одлучите колку информации ви се потребни и информирајте го вашиот доктор. Многу луѓе кои се целосно информирани за нивната болест и можности за лекување сакаат да се чувствуваат активно вклучени во донесувањето одлуки. Сепак, може да се чувствувате вознемирени од премногу имформации и детали и би ги препуштиле одлуките на вашиот доктор или на член од фамилијата.
  • Водите евиденција за вашата историја на болеста, лекарствата и секојдневната рутина. Запишувајте ги симптомите и секоја тема којашто сакате да ја дискутирате со вашиот доктор (потешкотии во дишењето, мачнина, главоболки, депресија итн.) Што повеќе вашиот доктор знае за вашата ситуација, тој/таа подобро ќе ви помогне.
  • Поставувајте прашања. Помага претходно да направите список со вашите прашања. Не се плашите да зборувате доколку имате потешкотии за да го разберете објаснувањето, описот или непознатите медицински термини. Потребите на секоја личност се единствени и вашите прашања може да се менуваат во текот на лекувањето.
  • Фаќајте забелешки или прашајте го докторот дали може да го снимите разговорот за подоцна да го прегледате повторно. Можете исто така да донесете некој на состанокот, член на фамилијата или пријател кој може да понуди повратна реакција.
  • Прашајте го докторот што треба да очекувате од лекувањето (несакани ефекти на пример), колку често ќе треба да бидете подложени на терапија, како и за ризиците и придобивките од лекувањето. Дознајте на што треба да внимавате и што вклучува вашето опоравување.
  • Бидете сигурни дека сте го разбрале следниот чекор што се однесува на вашата нега пред да ја напуштите канцеларијата на докторот. Прашајте ако има пишани информации или образовен материјал (книги, памфлети, видео итн,) што може да го земете со вас дома. Прашајте за препораки за психолошка, финансиска или духовна поддршка. Дознајте кога е најдоброто време да се јавите ако имате прашања.