Светската здравствена коалиција Lymphoma coalition, која обединува стотици организации од Канада, Америка, Индија, Австралија, Нов Зеланд, Јужноафриканската Република, голем дел од организациите од  европски земји, меѓу кои и „Здружението за борба против рак  Борка“ од Македонија спроведува анонимна анкета, чии резултати ќе бидат употребени за унапредување на лекување и ќе помогне стручните лица и НВО да ги разберат искуствата на пациентите кои се лекуваат од Лимфом или CLL.

Затоа ги замолуваме сите пријатели на „Борка“, кои имале лично искуство или пак познаваат некој од своето опкружување дека се лекува од овие болести, да ја пополни  анкетата која се наоѓа на линкот што следи : http://www.lymphomacoalition.org/global-information/global-patient-survey/2018/survey

Истражувањето е анонимно и доверливо, трае од 8 до 10 минути. Како и во изминатите години, земјите со повеќе од 100 испитаници ќе добијат специјализиран извештај за нивната земја.