Како дел од дамската програма на официјалната дводневна посета на Претседателот на Република Полска г-дин Бронислав Коморовски, на  10 септември 2013,  г-ѓа Маја Иванова сопруга на Претседателот на Република Македонија и г-ѓа Ана Коморовска сопруга на Претседателот на Република Полска, ги посетија канцелариите на  Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден”.

 

DSCN6875

Првите дами, кои воедно важат за истакнати хуманистки, особено во кампањите за борба против ракот на дојка во своите земји, разменија искуства на оваа тема, истакнувајќи дека од особена важност е подигнувањето на свеста кај женската популација за правењето на редовни ехо и мамографски прегледи, со цел откривање на карциномот во рана фаза.

Информираноста на жените во Република Македонија за навременото откривање на една од најтешките болести што се јавува кај жените, ракот на дојката, е предизивик кој г-ѓа Иванова го презема заедно со етаблираните организации во земјата кои работат во таа област. Со нејзината вклученост во иницијативите и активностите на Здружението за борба против рак –“Борка– за секој нов ден, ја дава поддршката за активностите за подигање на јавната свест кај жените за потребата од навремено и соодветно откривање на ракот на дојката, но истовремено и да им пружи поддршка и посреќни моменти на оние кои таа борба веќе ја водат.

Г-ѓата Иванова до сега била дел од Националните конференции за ракот на дојката, Хуманитарната прошетка “Напред Розово” како и ВИП донаторските забави “PINK NIGHT” за собирање на средства за помош и поддршка на заболените од рак (купување на перики, собирање на средства за купување на опрема за клиниката за онкологија и радитерапија во Скопје и мн.др).

 

DSCN6854

Како заклучок од оваа посета е дека секоја жена може да заболи од рак на дојка, меѓутоа, потребно е секоја жена да ја знае  важноста и потребата од извршување на  редовни ехо и мамографски прегледи на дојки. Со помош на раното дијагностицирање се постигнува  успешно лекување, а со тоа и зголемување на  стапката на преживување  од оваа болест.

DSCN6849 DSCN6831