Претставниците од здружението БОРКА – за секој нов ден, заедно со претседателката Биба Додева, претставниците од Еурофарм и студентите од ЕМСА денеска, по повод денешниот празник ги посетија пациентите на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија им подарија подароци и им посакаа на сите брзо оздравување.

Психологот од здружението БОРКА два пати неделно ги посетува пациентите на онкологија, но не заборавивме и денес да им го разубавиме за момент денот на сите кои ги сретнавме на клиниката.

На сите жени-борци им го честитаме празникот “8ми Март – Ден на жената“, да им кажеме дека се прекрасни, им честитаме за храброста и силата која ја имаат, соочувајќи се со сите предизвици во животот.

Здружението Борка ќе продолжи да биде тука за Вас, повелете секој работен ден во просториите на здружението или барајте нѐ на бесплатната СОС линија: 0800 55 777 која работи 24 часа.

Со љубов,
Борка