Пациентите кои успешно го минале лекувањето на тумори на главата и вратот имаат зголемена шанса за ослабување на когнитивните способности, објави научното- медицинско списание JAMA (JAMA Otolaryngology Head and Neck Surgery.)

Во истражувањето на канадските истражувачи на Универзитетот во Торонто (University of Toronto ) користени се податоци од 80 пациенти лекувани од тумори на главата и вратот, но и 40 здрави лица на иста возраст.
Две години по третманот, ослабувањето на когнитивните способности било забележано кај 38 отсто од пациентите, додека во контролната група на лица никој немал такви тешкотии.
Луѓето со тумори на главата и вратот најизразени тешкотии имале со помнењето, со меморијата и концентрацијата, а ризикот бил најголем кај оние испитаници кои биле помалку образовани и оние кои страдале од депресија.
Научниците веруваат дека таквите наоди можат да ги објаснат како последица од хемотерапијата и зрачењето