На ден 02.01.2017 година, Европската Медицинска Студентска Асоцијација (ЕМСА-Македонија) и здружението на Граѓани Борка официјално склучија Меморандум за соработка. Главната цел на оваа соработка е да заедно реализираат проекти поврзани со малигните заболувања.

Со помош на тие проекти двете организации ќе се стремат кон подобрување на превенцијата за овие болести, зголемување на информираноста за истите, како и пружање на помош и поддршка на болните кои секојдевно се борат за секој нов ден.