download

Периодот по масектомијата може да ве направи ранливи, несигурни и да се чувствувате непријатно во врска со продолжувањето на нормалниот сексуален живот.

Првпат бев соочена со оваа ситуација на 30 години кога имав операција на превентивна билатерална мастектомија со примарна реконструкција со силиконски имплант. Самата операција беше голем терет за мојата емотивна состојба, но заедно со мојот сопруг успешно ја пребродивме.

Првиот предизвик со кој може да се соочите кога ќе почнете да размислувате за враќањето на вашиот сексуален живот, е да дозволите вашиот партнер да ги види вашите голи гради за првпат. Мојот сопруг ги виде моите гради и претходно, бидејќи мораше да ја менува мојата облека и да ги исцеди  дренажните цевчиња истата вечер по мојата операција. Никој од нас не беше спремен да размислува како изгледам, ниту пак да зборува за тоа. Бев во шок и вон себе, а мојот сопруг беше целосно фокусиран на моите потреби и не беше спремен за своја реакција на промените на моето тело. Иако Стефан ги имаше видено моите гради, ние сеуште не размислувавме како ќе влијае изгледот на моите гради на нашето водење на љубов. Ниту малку не се занимававме со тоа како како мојата операција ќе влијае на нашиот сексуален живот,  се додека моите дренови не  беа отстранети и моите гради заздравеа доволно да толерираат некаков допир. Mи беше многу важно да добијам иницијатива од мојот сопруг за сексуална активност. Имав потреба да ме праша дали ќе можеме да водиме љубов повторно. Нормално двајцата бевме слободни да започнеме со сексуална активност, но првиот пат после операцијата се чувствував премногу ранливо. Водевме љубов за прв пат неколку недели после мојата операција. Неговата иницијатива ме увери дека не сум му одбивна и грда и дека ние сеуште можеме сексуално да бидеме заедно. Не можев да мислам колку беше добар нашиот однос таа вечер, се што сакав да знам е дека сеуште ќе биде дел од нашите животи. Подоцна се соочивме со гледањето на моите гради како дел од нашето сексуално искуство. Една вечер, додека водевме љубов, Стефан застана, ме седна со лицето кон него и ми ја соблече маичката. Гледаше директно во моите гради и само ме држеше додека јас плачев. Ниту еден од нас не прозборе. Нашата љубов, разбирање, прифаќање, кои ја исполнија собата кажаа многу повеќе од било кои изречени зборови. Сите имаме свои начини да се чувствуваме секси и пожелно  и имаме сопствени нивоа на слобода за иницирање секс и откривање на нашето тело. Морате да верувате дека љубовта помеѓу вас и вашиот партнер ќе најде начин како двајцата да го прифатите изгледот на вашето тело и ќе го врати задоволството во водењето љубов. Мој совет, не чекајте предолго. Одложувањето на чинот првиот пат може да ве направи премногу анксиозни.

Elderly_couple_04

Тактичноста е многу важен дел од градењето и зачувувањето на односите во врската. Сите знаеме дека задржувањето на нашите мисли и чувства или кажувањето по некоја невина лага, понекогаш се корисни. Но ако претераме и избегнуваме да ги делиме нашите чувства, може да се соочиме со тешки емотивни проблеми. Силата на вашата врска, вашата меѓусебна комуникациска вештина и способноста на вашиот партнер да биде тактичен со вас, ќе влијаат на вашата подготвеност да се отворите. Јас лично го ценам заштитничкиот став на мојот сопруг, но не сакам да биде премногу внимателен со мене и да ме одалечи од реалноста, бидејќи сметам дека воведувањето на строги, преќутни правила на игра, ја ограничува нашата врска, што пак може да предизвика тензија од чувството на презаштитеност. Чувството на презаштитеност може да води до кревка емотивна конекција и да направи двајцата да се чувствувате помалку сакани и разбрани. Првиот пат кога пробав да носам секси вечерен фустан после мојата операција, мојот сопруг ми кажа дека изгледам убаво. Една година подоцна кога одбирав фустан за Божиќна забава на компанијата на мојот сопруг, тој ми призна дека мислел дека мојот фустан бил несоодветен за мене после мојата операција. Ми кажа дека тогаш не сакал да ме обесхрабри или да ги повреди моите чувства, затоа што знаел дека пробувам да ја пребродам операцијата. Ми беше потребна неговата искреност. Не му се налутив што не ми кажал веднаш, затоа што знаев дека ме сака и само пробува да ме поддржи и да ми помогне да се прилагодам на промените.

Без разлика дали сте изгубиле една или двете гради, после операцијата има измени на вашето тело што ќе мора да ги прифатите. Брадавиците и кожата на градите имаат многу нервни завршетоци. Брадавиците се невролошки поставени така да кога се  стимулирани  испраќаат сензации на сексуално задоволство на нашите гениталии. Кога градата е отстранета, овој моќен сексуален извор повеќе не постои. Ова може да се доживее како голема загуба за жената, како за нејзиното сопствено задоволство, така и за нејзиниот партнер. Некои жени остануваат не само без сексуална сензација во пределот на градата, но и со чувство на  болка на кожата што го прави тој реон многу непријатен на допир. Нервните завршетоци на градата и во нејзината околина може да даваат чувство на болка. Болното чувство се намалува полека после неколку години, но може да се појавува и губи од ден на ден. Оваа болка му отежнува на вашиот партнер во вклучувањето на вашите гради во вашиот сексуален живот. Вие не сте во состојба да поставите правила што е удобно и пријатно во врска со ова, бидејќи чувството ви се менува константно. Ова е уште една причина зашто отворената комуникација е најважна. Треба да бидете подготвени и да разговарате за промените на вашето тело и промената на вашите сетила.  Да прифатите болка наместо отворен разговор може да доведе до нови проблеми. Сексот би требало да биде чин во кој треба да ги споделите телесните задоволства, а не чин кој ќе ве направи да се чувствувате мизерно. Ако одлучите да ја маскирате болката наместо да му кажете на вашиот партнер кои се вашите потреби, ќе се ставите во ситуација вашето тело да се згрчува барајќи начин да се одбрани од болката што следи. Згрчувањето на вашето тело е тотално спротивно од тоа што треба да го правите за да постигнете сексуално задоволство. Треба да се релаксирате и да му се предадете на вашето тело и сетила, наместо да контролирате што се случува во вашиот ум. Кога премногу го користиме нашиот ум за време на секс го комплицираме целото искуство и се лажеме себе си и нашиот партнер. Ако откриете дека сте изгубиле секаква сексуална сензација на градите и/или имате болно чувство во пределот на градите, запрашајте се самите  кои други нешта може да ги направите со вашиот партнер за да го надокнадите изгубеното чувство на задоволство.

Вашите усни се исто така еротски дел од вашето тело  и имаат невролошка конекција со вашите гениталии како што имаат и вашите брадавици. Обратете внимание на вашето тело, самото ќе ви каже што сака. Ова е важно време да си го истражите сопственото тело и  сетила и да го подобрите водењето љубов. Вашите сетила на вкус, допир, вид, мирис и слух можат да придонесат во постигнување на вашето сексуално задоволство. Добро вино, топли бањи, меки материјали, романтични филмови, миризливи стапчиња, парфем и музика се добри примери како да ги да ги отворите вашите сетила за да го зголемите уживањето во сексот. Сексуалната страст е природен, нормален начин на искажување на љубовта и желбата да  бидете поблиски и поврзани со вашиот партнер. Ова можеби е една од најтешките емоционални потешкотии од аспект на вашето закрепнување, но со тек на времето вие и вашиот партнер ќе бидете совршено синхронизирани како и пред операцијата.

Преземено од Amoena Life