Почитувани,

Ве известуваме дека групите за психосоцијална помош и поддршка кои функционираат веќе петта година, повторно ќе започнат да се одржуваат 2 пати месечно.

Локацијата на која ќе се одржуваат групите ќе биде во просториите на Зорба Консалтинг, ул. Никола Русински бр. 3б( ТЦ Лептокарија, спроти гимназијата Никола Карев).

Во месец октомври 2013 ќе се одржат групи на 18 октомври(петок) и 25 октомври (петок) со почеток во 17 часот.

Групите ќе ги води г-ѓа Лидија Зорба, магистер по психолошки науки и долгогодишен соработник на Борка.

За сите дополнителни информации слободно обратете се на бесплатната СОС телефонска линија 0800 55 777 или на 02 3224 636 или на 075 216 617(Лидија Зорба)