Рак на простата

movember.com

 

 Што е простата?

Функција

  • Жлезда која произведува течност која ја штити и збогатува спермата

Локација

  • Веднаш под мочниот меур, пред цревата.
  • Простатата е во форма на крофна и ја опкружува уретрата, цевка која ја изнесува урината од мочниот меур преку пенисот надвор од телото.
  • Кај помладите мажи простатата е со големина на орев.
  • Нервите кои ја контролираат ерекцијата ја опкружуваат простата.

Што е рак на простата?

  • Рак на простата се случува кога некои од клетките во простатата се репродуцираат далеку побрзо од нормално, што резултира со тумор.
  • Ако не се лекува, клетките на ракот на простата на крајот може да се шират надвор од простатата и да вршат инвазија на далечните делови на телото, особено лимфните јазли и коските, произведувајќи секундарни тумори во процес познат како метастаза.
  • Еден од најпознатите загрижувачки аспекти на болеста е дека повеќето случаи на рак на простата се развиваат без мажите да доживеат некакви симптоми во раните фази.

Кои се фактори на ризик?

  • Пол: ракот на простата ги погодува само мажите, бидејќи жените немаат простата.
  • Возраст: колку е постар еден човек, толку поверојатно е тој да биде дијагностициран со рак на простата. Повеќе од 65% од сите случаи на рак на простата се дијагностицираат кај мажите на возраст над 65 години.
  • Семејсна историја: човек со татко или брат, кој развил рак на простата пред 60 е два пати поверојатно да го добие ракот.
  • Етничка припадност: Афроамериканците се со поголема веројатност да развијат рак на простатата и се речиси со 2,5 пати поголема веројатност да умрат од оваа болест.
  • Начин на живот: лоша исхрана и недостаток на вежбање.

prostata

Кои се можните симптоми?
Забелешка: мнозинството од рак на простата немаат никакви симптоми, и само напреднат рак кој се шири во простата (и пошироко), предизвикува уринарни симптоми како што се:

  • Уринарни проблеми (бавен проток, недоизмокреност, честота, итност)
  • Крв во урината или спермата
  • Намалена способност да се постигне ерекција
  • Болна ејакулација

Ако имате било какви грижи и доживувате некој од симптомите погоре, важно е да се јавите на Вашиот лекар, притоа овие симптоми се, исто така, заеднички за многу различни состојби, не само за рак на простата.

ТЕСТИРАЊЕ

Кои тестови се достапни?
Целта на тестирањето е да се открие ракот на простата во својата најрана фаза, пред болеста да напредува. Во моментов постојат два чести тестови на располагање за почетно откривање:

  • Физички преглед (DRE: дигитален ректален испит)
  • Тест на крвта (ПСА: простата специфичен антиген)

Тест на PSA во крвта (ПСА)
Тест на PSA во крвта открива присуство на протеин во крвта кој се произведува спецофично од клетките на простатата и се нарекува простата специфичен антиген (ПСА). Присуството на покачен ПСА не мора да значи дека е присутен рак на простата бидејќи постојат други медицински состојби кои можат да доведат до PSA резултат надвор од нормалните граници. Тие вклучуваат зголемување на простатата (бенигна хиперплазија на простатата или БПХ) и воспаление на простатата (простатит).

Дигитален ректален испит (DRE)
DRE вклучува вметнување на прстот на докторот во анусот на пациентот, со што е можно да се почувствува дел од површината на простата. Неправилностите вклучуваат оток или стврднување на простата, или грутки на површината што може да укаже на развој на тумор или други проблеми. Недостатокот на овој тест е дека лекарот може да почувствува само дел од простатата во текот на испитувањето, па некои неправилности може да бидат надвор од дофатот и да се пропуштат.man-prostates

Резултати
Ако резултатите од тестот се ненормални, Вашиот лекар може да Ве упати на специјалист (т.е. уролог) да се земе примерок на ткиво во форма на биопсија. Биопсијата е единствениот начин да се утврди дали ракот е присутен. Лекарот обично дијагностицира рак на простата, откако темелно ги испитува клетките од биопсија преку микроскоп и ќе Ве информира за резултатите.

Да се тестира или не?
Наша препорака е да разговарате за Вашата ситуација со Вашиот лекар за да одлучи дали тестирањето е потребо за Вас. Заедно, можете да го избере најдобриот начин на дејствување.
ТРЕТМАН

Новодијагностицирани

Ако Вие или некој што го знаете е штотуку дијагностицирани со рак на простата може да доживеете голем број на чувства; неверување, страв, лутина, анксиозност и депресија. Постојат многу опции на третман и ресурси за поддршка кои можат Вам и на Вашето семејство да му помогнат во тек на ова тешко време кон нормален, здрав живот.

Справување со дијагноза за нов рак на простата

  • Едуцирајте се себе си за ракот на простата и достапните третмани за ублажување на анксиозноста и стресот предизвикани од дијагнозата.
  • Чувствувајте се удобно за барање на второ мислење.
  • Бидете подготвени со листа на прашања за Вашиот лекар.
  • Дојдете заедно со Вашиот партнер, член на семејството или пријател за поддршка и објективен набљудувач кои можат да помогнат при посетата на лекарот.

Ако сте биле дијагностицирани со рак на простата, пораката е, не паничете. Многу видови на рак на простата растат споро и може нема да треба операција или друг радикален третман. Активен надзор (редовен мониторинг) е сега честа опција за луѓето со низок ризик, низок градус рак на простата. Одвојте време да дознаете повеќе за различните опции за третман наведени подолу и донесете информирана одлука за тоа што да направите преку барање совети од медицински професионалци и од реномирани извори.

Запомнете, исто така, поради тоа што пропратен ефект на третманот вклучува еректилна дисфункција, ракот на простата може да имаат сериозно влијание врз интимните односи. Како што многу луѓе кои го имале овој проблем ќе Ви кажат, ракот на простата не е само болест на еден маж, туку е болест на партнерите. Потрудете се да го вклучите Вашиот партнер при изборот на различните опции за третман.

Вашиот процес на донесување одлуки, најверојатно, ќе вклучува комбинација на клинички и психолошки фактори, вклучувајќи:

  • Потребата за терапија
  • Вашето ниво на ризик
  • Вашите лични околности
  • Вашата желба за одредена терапија врз основа на ризиците, придобивките, и вашата интуиција

Опции за третман

Активен надзор

  • Многу видови на рак на простата растат споро и можно е да не треба операција или друг радикален третман
  • Активен надзор (што е редовно следење) е сега честа опција за третман за луѓето со низок ризик, низок градус рак на простата
  • За време на активниот надзор, ракот на простата внимателно се следи за знаци на прогресија – овие тумори може безбедно да се следат преку редовни PSA тестови и биопсии за да се осигура дека тие не напредуваат

Простатектомија

  • Хируршки пристап за лекување на ракот на простата е отстранување на простатата
  • Во зависност од стадиумот на ракот, обично, мажите со ран стадиум на болеста или рак што е ограничен само на простатата ќе бидат подложени на радикална простатектомија – отстранување на целата простата, плус дел од околното ткиво
  • Напредокот во хируршка техника им овозможи на мажите да останат во болница 1-2 ноќи во просек
  • Други хируршки процедури може да се вршат на мажите со напредната или рекурентна болест

Радиотерапија

  • Радиотерапија вклучува употреба на различни видови на Х-зраци (зрачење) за лекување на ракот

Хормонска терапија

  • Клетките на ракот на простата се како и другите живи организми, што значи дека им треба храна да растат и да преживеат
  • Хормонот тестостерон служи како главна храна за канцерските клетки на простатата да растат, па затоа е честа цел за терапевтска интервенција кај мажите со оваа болест
  • Хормонската терапија, исто така позната како андроген лишување терапија или ADT, е дизајнирана за да се спречи тестостеронот да биде ослободен или да се спречи да делува на клетките на простатата. Иако хормонската терапија игра важна улога кај мажите со напреднат рак на простата, исто така се повеќе се користи пред, за време, или по локалниот третман

Хемотерапија

  • Хемотерапијата користи лекови преку крвотокот да ги уништи клетките на ракот кои се шират од простатата на другите делови на телото.
  • Постојат многу различни видови на хемотерапија и комбинирани терапии.
  • Хемотерапијата може да го забави растот на ракот и да ги намалат некои од симптомите.
  • Цитостатиците се внимателно контролирани и во дозата и во фреквенцијата, така што клетките на ракот се уништуваат, додека токсичноста за здравите клетки е минимизирана.
  • Може да има несакани ефекти кога се третира со хемотерапевтски лекови и тие треба да се дискутираат во консултација со Вашиот лекар.

Несакани ефекти од третманот

Многу од најчестите несакани ефекти од третманот за рак на простата се контролираат:

  • Инконтиненција (неволно истекување на урина)
  • Еректилна дисфункција (тешкотија во постигнување или одржување на ерекција) – простатата се наоѓа веднаш под мочниот меур и е опкружена од страна на нервите кои ја контролираат ерекцијата, затоа хирургијата, радиотерапијата и другите третмани вообичаено ги предизвикуваат овие несакани ефекти барем привремено
  • Зголемување на телесната тежина – поради хормонската терапија
  • Ако проблемите не се губат сега постојат многу медицински и хируршки третмани достапни да се управува со инконтиненцијата и еректилна дисфункција