Марија Тасев

Големи количини црвено месо, маст од животинско потекло, намаленото внесување храна со влакнест состав се едни од причините поради кои карциномот на дебелото црево се поврзува со современиот начин на исхрана. Други надворешни фактори се пушењето и алкохолот, намаленото внесување микроелементи и калциум, тврдат лекарите.

Раот на дебелото црево е трет карцином според распространетоста дијагностициран кај мажите и кај жените . Во Македонија во последните неколку години од рак на дебелото црево умираат двојно повеќе луѓе отколку пред десетина година. Во САД колоректалниот карцином (КРК) е трет карцином според распространетоста, веднаш по карциномот на бели дробови и карцином на простата кај мажи, a кај жени после карцином на бели дробови и карцином на дојка. Слично е во Македонија. Причините може да бидат различни за секого. Но,  зсовремениот стил на живот, е поврзан со зголемениот број заболени од карцином на дебелото црево. Големи количини црвено месо, маст од животинско потекло, намаленото внесување храна со влакнест состав се едни од причините поради кои карциномот се поврзува со современиот начин на исхрана. Пушењето и алкохолот, намаленото внесување микроелементи и калциум, но и зголемената телесна тежина и намалената физичка активност се поврзани со зачестена појава на КРК. И фамилијарната анамнеза, генетската оптовареност со одредени мутации како и инфламаторните болести на дебелото црево претставуваат директен и силен фактор на ризик за коло¬ре¬кта¬лен кар¬ци¬ном. Еден од важните фа¬кто¬ри е и возраста, односно стареењето. Појавата на КРК е директно повр-зана со возраста. Деведесет проценти од дијагностицираните пациенти со карцином на колон и на ректум се повозрасни од 50 години.

Хемороидите немаат врска со рак на дебелото црево

Постојат низа болести кај кои еден од симптомите е појава на крв во столицата. Најчесто станува збор за бенигни болести и освен одолжените симптоми, нивното занемарување не претставува поголем ризик. Голем дел од пациентите и лекарите крвавењето би го отпишале на хемороидалната болест, можеби поради традицијата и табуизирањето на ректалните прегледи кај нашата популација, кога е најлесно да се каже дека се хемороиди без да се направи преглед и да се подложи на „непријатни” испитувања. Сепак, тоа е момен¬тот кога треба да се обрне посебно внимание и да се направи целосен преглед. Крвавењето е и една од најчестите првични манифестации на колоректалниот карцином. Затоа треба да се почитуваат патеките и протоколи¬те за испитување крвавење од долниот дел на дигестивниот тракт, кај популација повозрасна од 50 години преглед на дебелото црево најмалку до 30 сантиметри од анусот или ректосигмоидоскопија, а обврзу¬вач¬ки колоноскопски преглед кај популација повозрасна од 50 години кај кои се јавило видливо крварење од долен дел на дигестивниот тракт. Со ова се докажува постоењето хемороидалната болест и истовремено се исклучува постоењето колоректален карцином кај пациентот. Доколку се постапува на овој начин, хемороидите не би претставувале маска за КРК.

Ракот на дебело црево во голем процент е наследен

Карциномот на колон кај 70 проценти од популацијата се јавува спорадично, додека 30 проценти од пациентите со колоректален карцином имаат фамилијарна анамнеза за КРК. Кај нив е зголемен ризикот за добивање карцином кај целата популација животниот ризик да се до¬бие КРК изнесува шест проценти, додека кај пациенти со еден роднина од прво колено, кој имал КРК изнесува 12 проценти, а кај пациенти со двајца роднини од прво колено со КРК тој ризик изнесува дури 35 проценти. Од ова може да се види колку е поголем ризикот кај генетски оптоварените фамилии и зошто не треба да се одбегнва скенирањето и прегледи кај овие пациенти. Инаку, постојат многу генетски мутации што предизвикуваат рана појава на карцином на колон.

Храната има врска со појавата на ракот

Употребата на масти од животинско потекло, кои се незаситени, најчесто кај риба, употреба на овошје и на зеленчук што содржат голем процент на растител¬ни влакна, но и голем процент на антиоксиданси и антипролиферативни состојки, изоцијанати кај брокулата се поврзани со намалување на ризикот од карцином на колон. Познато е дека некои витамини (А, Ц, и Е), пред сѐ, преку своето антиоксидативно дејство, имаат протективни ефекти, калциумот, микроелементите како цинкот спаѓаат во нутритивните фактори со заштитно дејство во однос на КРК.