sasЖивотот во 21от век е исполнет со многу обврски и барања, кога културата и средината го пренагласува она што мислиме дека ни треба или го сакаме, наместо да го почитуваме она што го имаме. Телевизијата, филмовите и магазините секојдневно не бомбардираат со дневни потсетници да имаме: поголеми домови, подобра работа, повозбудлив сексуален живот. Во нашите напори да акумулираме поголемо материјално богатство и тежнеењето да го добиеме тоа што го немаме, станува лесно светлите моменти во животот да ги сфатиме здраво за готово.

Благодарноста ни помага да ги признаеме и препознаеме даровите на животот, дури и кога личниот стрес, болката и страдањето ќе не наведат да мислиме поинаку. Да се биде благодарен- тоа е јога за вашиот дух-се чувствувате добро.Фокусот на она што го имате во животот, а не на она што го немате, е моќна мотивација која води до потполна животна трансформација.

Почитувањето на добрите нешта во нашите животи, помага да се направи смисла на негативните мисли и ги подобрува емоционалните ставови.Ова е повеќе отколку интуиција или апсурдна филозофија. Истражувањата покажуваат дека искажувањето благодарност со сигурност го подобрува расположението. Луѓето кои се благодарни имаат поголеми изгледи да имаат повеќе среќа и тие се позадоволни од животот. Тие спијат подобро, имаат повеќе енергија, се чувствуваат подобро и кога ќе се соочат со исти песимистички чувства во врска со одредени животни потешкотии и проблеми, за разлика од другите, тие се поиздржливи и имаат тенденција да се справат со проблемите на попозитивен начин.

Мозокот се фокусира само на една работа во одреден момент. Затоа кога сте лути или тажни, тоа се единствените емоции кои ги чувствувате во тој момент. Практикувањето благодарност дава импулс на вашиот мозок да гледате на животот од поинаква перспектива, порадосна, поведра…така ќе имате поголемочувство на среќа и  ќе гледате на светот со повеќеоптимизам и емпатија. Кога сте депресивни, несреќни или потиштени, поголема е веројатноста да ја гледате чашата полупразна отолку полуполна. Фокусирајте се да бидете благодарни, иако е тешко, кога истовремено чувствувате самосожалување, анксиозност, страв или лутина. Тоа е стратегија која помага да ги поминеме и минимизираме емоционалните предизвици кои се присутни во секојдневниот модерен начин на живот.

Негувањето на чувството на благодарност ни помага да созреваме наместо да назадуваме. Изразувањето благодарност кон себе и другите, посебно може да помогне кога се соочуваме со здравствена криза: акутна болест, хронична болка, дијагностициран карцином или страв од рецидив. Благодарноста делува контра негативните емоции, така што ќе можете да се фокусирате на сегашноста, а не да жалите за минатото или да се плашите од иднината.

Како да се биде среќен

Еден од најлесните начини да негувате попозитивен пристап кон животот е да водите дневник на благодарност, секојдневно прибележувајќи неколку специфични работи за кои сте благодарни. (Кога имате лош ден, разгледајте ја листата за да се потсетите што се имате). Можете да го започнете денот запишувајќи позитивни мисли или да го завршите денот со прибелешки пред да одите на спиење. . Важно е колку често го правите ова: константно- водењето секојдневни прибелешки- е многу важно. Секојдневното прибележување може да изгледа вака:

  • Слушањена песната “All of Me” од John Legend
  • Телефонски разговор со Мама
  • Љубовта на мојот сопруг
  • Читање на децата пред спиење
  • Купување на нов градник
  • Работење како дел од тимот со моите колеги

Благодарноста е перспективна. Станувајќи повеќе благодарен не значи дека треба да гледате на животот нереално или да се откажете oд признавањето на помалку оптималните искуства, но помага да го фокусирате вашето внимание на она што го имате, а не на она што го немате.Тоа е емоција која може да се практикува се додека не стане вообичаена и навика: кога еднаш ќе ја истренирате благодарноста, ќе се почувствувате позадоволни и ќе наоѓате се повеќе и повеќе работи за кои треба да бидете благодарни.

Седум едноставни начини за тренирање на благодарноста:

  1. Кажете благодарам на другите. Кажувајте го често и со значење.
  2. Пристапете на проблемот од позитивна перспектива.
  3. Научете да го живеете животот без да барате правичност.
  4. Барајте го најдоброто од ситуациите, а не најлошото.
  5. Бидете благодарни за љубезноста и грижата од другите.
  6. Водете дневник на благодарност.
  7. Поминувајте повеќе време со другите кои се благодарни.

Да се стане свесно благодарен на почетокот може да биде малку напорно, но напорот ќе се исплати.

Колку повеќе вежбате, станува полесно, се додека не ви стане природно. Обидете се да бидете благодарни секој ден. Не само што ќе го подобрите вашиот живот, несомнено тоа ќе го сторите и за другите околу вас.

Resources: For more information about developing an attitude of gratitude and tips for keeping a gratitude journal, visit Greater Good (http://greatergood.berkeley.edu), or download a journal app by searching for “gratitude” on iTunes.