polygonum_cuspidatum_a_natural_cure_1355_x

Ресвератрол спаѓа во класата на растителни полифеноли наречени стибени. Овие соединенија имаат антиоксидативни својства со што ги неутрализираат слободните радикали кои се нестабилни атоми настанати од надворешни штетни влијанија и како такви го оштетуваат телото и доведуваат до различни заболувања како на пример: срцеви, невролошки и малигни. Ресвератролот може да се најде во лушпата на црвеното грозје или може да биде екстрахиран од растението Polygonum cuspidatum.

 

Ресвератролот се користи во состојби на:

кардиоваскуларни заболувања – како кардиопротектор, ресвератролот ја стимулира активноста на eNOS (ендотелна азот оксид синтаза), ја инхибира оксидација на LDL и ја инхибира тромбоцитната агрегација, со што превенира миокарден инфаркт и мозочен удар.

Алцхајмерова болест и дементни заболувања – ги заштитува нервните клетки од оштетување и насобирање на плака, а воедно ја поттикнува фукцијата на митохондриите, со што го подобрува аеробниот капацитет и ја засилува сензомоторната функција.

малигни заболувања – интерферира со сите стадиуми на карциногенезата и ја инхибира клеточната делба и раст in vitro на многу хумани малигни клетки вклучувајки ги тие на дојка, простата, желудник, дебело црево, панкреас и тироидна жлезда.