Почитувани, започнува „Розовиот Караван 2014“. Здружението за борба против рак ”Борка – за секој нов ден” ја започнува овогодинешната кампањата за подигање на свеста за ракот на дојка, која оваа година ќе биде во соработка и со поддршка на Клиничката болница Аџибадем Систина, Скопје.
Караванот тргнува од Свети Николе. Предавањето е во организација на Здружението БОРКА, О.Ж.ОСвети Николе и Клиничка Болница Аџибадем Систина, а ќе се одржи во општинската сала во Свети Николе на 29 октомври 2014 г. Со почеток во 18:30 ч.
Ова е прво од низата едукативни предавања кои ќе бидат организирани во престојниот период, а се од голема важност како за поддршка на веќе заболените пациенти, така и за сите потенцијални пациенти на кои ќе им бидат презентирани основните информации за ракот на дојка но и најновите сознанија и достигнувања, а со тоа ќе ја подигнеме свеста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест доколку се открие на време.
На предавањето во Свети Николе свои излагања ќе имаат:
- г-ѓа Биба Додева, Претседател, Здружение БОРКА за секој нов ден
- г-ѓа Вера Златева, Претседател на Организација на жените на општина Свети Николе
- М-р. Др. Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург, Клиничка болница Аџибадем Систина, шеф на Центарот за дојка
- г-ѓа Др. Дева Петрова, Спец. Онколог радиотерапевт, Клиничка болница Аџибадем Систина
- г-ѓа Жаклина Јовановска, претставник од Медикус Хелп, Скопје
Ве очекуваме
O коментари