Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 24.12.2016 г. беа доделени наградите Сајт на годината за 2016 година. Манифестацијата се одржа седма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс која е сопстевник на платформата keepaneye.mk и основач на ИАБ Македонија, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје, Кожувчанка ДОО Кавадарци и голема помош на генералниот спонзор Витаминка АД Прилеп.

Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото. 

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија, и за најдобар сајт го избраа Crnobelo.com. Добитниците во останатите категории се следните:

Најдобар сајт за невладини организации
Трето место: ced.org.mk
Второ место: borka.org.mk
Прво место: ckrm.org.mk

Најдобра мобилна апликација
Трето место: Buzz 
Второ место: Grouper 
Прво место: Moj Vozduh

Храна и Здравје
Трето место: coolinari.mk
Второ место: sezahrana.mk
Прво место: kliknijadi.mk

Мода и Убавина
Трето место: stipka.com.mk
Второ место: divianarts.com
Прво место: teamoderna.com.mk

Автомобилизам
Трето место: koli.com.mk
Второ место: avtoportal.mk
Прво место: motocentar.com.mk

Туризам и Угостителство
Трето место: helloskopje.com
Второ место: exploringmacedonia.com 
Прво место: aurora.com.mk

Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување
Трето место: silkroadbank.com.mk
Второ место: winner.mk
Прво место: nlb.mk

IT и Електроника
Трето место: neptun.mk
Второ место: webstrian.mk
Прво место: setec.mk

Најдобар сајт за владини/државни институции
Трето место: dibra.gov.mk
Второ место: sep.gov.mk
Прво место: avrm.gov.mk

Образование, Наука и Култура
Трето место: kupikniga.mk
Второ место: mob.mk
Прво место: seecinema.net

Е-трговија и огласи
Трето место: reklama5.mk
Второ место: pazar3.mk
Прво место: grouper.mk

Најдобар корпоративен сајт
Трето место: cineplexx.mk
Второ место: sava.mk
Прво место: vrabotuvanje.com.mk

Најдобар мобилен сајт
Трето место: gol.mk
Второ место: grouper.mk
Прво место: mob.mk

Најдобар блог
Трето место: marketing365.mk
Второ место: blog.literatura.mk
Прво место: pravdiko.mk

Најдобра facebook страница / група / профил
Трето место: panika.be
Второ место: Ina Mnogufina
Прво место: Lions District 132 MACEDONIA

Оваа година во категоријата за најдобра фејсбук страница / група / профил е доделена и специјална награда врз хуманитарна основа за фејсбук групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“

Спорт
Трето место: makrakomet.com
Второ место: sportclub.mk
Прво место: karas4training.com

Забава
Трето место: mojo.mk
Второ место: motika.com.mk
Прво место: kafepauza.mk

Вести и информации
Трето место: telma.com.mk
Второ место: alfa.mk
Прво место: 24vesti.mk

Најдобар дизајн
Трето место: kosula.mk
Второ место: 365.com.mk
Прво место: fashionel.mk

Најдобар Сајт за 2016 година
Трето место: fakulteti.mk
Второ место: grouper.mk
Прво место: crnobelo.com