Одразот во умот е поважен од одразот во огледалото

Сменете го начинот на кој се гледате себеси

После ракот на дојка, голем број на жени ја губат својата самодоверба, верувајки дека се помалку вредни за да бидат сакани или некако помалку важни эа другите отколку пред да ја поминат операцијата.

Имиџот за телото на една жена е често директно поврзан со начинот на кој таа се гледа себеси како личност, затоа и многу жени страдаат од намалена самодоверба после операција на рак на дојка. Враќањето на самодовербата може да биде долгорочен процес, но важно е дека жената која имала рак на дојка е истата личност од претходно. Таа не е помалку вредна эа сакање затоа што доживеала трауматично искуство или затоа што нејзиното тело е сменето. Многу е важно повторно да се зближите со околината – немојте да дозволите чувствата на несигурност или недовербата да го потиснат доброто во вас. Еве неколку начини како да го постигнете тоа.

 

Се чувствувам како неуспех!

После ракот на дојка, многу жени чувствуваат дека на некој начин ги издале најблиските, без разлика дали е тоа како мајка, жена, љубовница, пријателка, ќерка или колега. Чувствуваат дека нема да можат да ги имаат најважните улоги кои ги имале до сега, што би значело дека би биле помалку вреднувани од луѓето кои им значат најмногу.

На пример, Елена објаснува како таа се гледала себеси после ракот на дојка – често се чувствувам помалку способна, со малку самодоверба и понекогаш како неуспешна личност. Ја немам онаа енергија која ја имав и се прашувам дали некогаш може да биде исто како што беше – да одам на работа, во теретана и општо да бидам мајка. Мислам дека никогаш повеке нема да бидам онаа истата, но во моментов јас сум јас со рак и се надевам дека наскоро ке бидам повторно своја.

Ако се препознавате себеси во некој од зборовите на Елена, не се грижите, секогаш има начини на кои може да си помогнете себеси. Почнете со тоа што нема да се обвинувате себеси эа дијагнозата. Никој не знае зошто некои луѓе добиваат рак, а некои други не. Запомнете дека моментите низ кои поминувате се само моментални. За време на вашиот третман, недостатокот на енергија е начин на кој вашето тело ви кажува дека му треба време за да се излечи. Тоа е природен начин на кој вие мирувате за да целата енергија биде искористена во процесот на лечење. Пробајте да ги фокусирате вашите мисли на периодот кој следи по овој период на лечење, и погледнете го периодот во иднина кога ќе бидете добро и ќе се вратите во нормална состојба. Со време ќе ви се врати вашата енергија и вашата љубов кон животот.

 

 

Се осекам помалку привлечно!

Чувството дека не сте доволни вредни за да бидете сакани и чувството на непривлечност се нормални чувства после мастектомија.  Марија вика дека ова чувство всушност допринело до распад на нејэината врска.  Се осекам многу несигурно и негативно, а така и изгледам. Многу лесно може да се налутам, а за тоа и немам самодоверба. Мојата врска со мојот партнер се распадна како резултат на тоа, а често читам дека многу жени кои поминуваат низ операцијата имаат партнери кои ги поддржуваат.

Нормално е да се грижите каков ефект ќе има операцијата на дојка на вашиот сексуален и личен живот. Ова не се сведува само на прашањето дали ке бидам сеуште привлечна за мојот партнер. Многу често се случува жените да дознаат дека нивниот партнер ја осеќа нивната загуба исто како своја.

Чувствата дека не сте сакани може да прераснат во нешто многу подлабоко од врската со вашиот партнер. Хана раскажува – Немав коса, мојата кожа беше бледа и се чувствував незграпно и уморено. Уште полошо мојата рана беше толку натечена, што некое време не можев да поднесам допир. Ми беше тешко да го погалам синчето или да му го дадам вниманието кое претходно му го давав и ми беше страв дека ќе ја врската меѓу нас која претходно ја имавме. Всушност, синот на Хана за време на овој период создаде врска и со својот татко, бидејки сега и двајцата се грижеа эа него. Сега вели – Повторно сум мајката која бев, па дури и повеќе од тоа.

Веројатно сега е времето да сфатите дека вашите врски со оние кои ги сакате се подлабоки – и за разлика од многу други луѓе, вие ја имате можноста да го согледате тоа.

 

Се чувсвувам непривлечно!

Губењето на градата може да направи да се чувствувате помалку женствено, затоа што популарните гледишта на женската сексуалност се често поврзани со градите. Овие чувства може да се манифестираат без раэлика што другите ни кажуваат. Ја иэгубив самодовербата после операцијата, вели Тереза. Мојот сопруг беше прекрасен и вели дека сум сеуште атрактивна, иако јас се осеќам комплетно асексуално во овој момент. Моето семејство и пријателите ми велат дека подобро не сум иэгледала одамна.

Многу е важно е да престанете да се гледате себеси диктирано од начинот на кој што изгледате. Нашите лузни се доказ эа нашето преживување. Можеби ќе иэгледате поинаку од останатите жени, но можете да се чувствувате добро поради начинот на кој што вашето тело се изборило со болеста и она што сте го постигнале. И доколку одберете реконструктивна хирургија или протеэа, надворешниот свет нема да энае дека сте имале операција. Со вистинските производи може да изгледате исто како и претходно не само кога сте облечени туку и кога пливате или вежбате. И оние кои ве сакаат најмногу нема да ве сакаат или вреднуваат помалку само затоа што сте изгубиле дојка.

 

Размислувајте позитивно!

Самопоттикнувањето е есенцијално за да ја вратите својата самодоверба. Она што си го кажуваме себеси, информациите и мислите во нашите глави се од особено значење. Истражувањата велат дека повеке од 80 проценти од нашите мисли за самите себе се негативни и потценувачки. Ако постојано се омаловажуваме себеси, тогаш не е чудно ако почнеме да се чувствуваме депресивно.

Нашата потсвест е програмирана од информациите кои ги собираме самите, од оние околу нас и од надворешните влијанија – на пример родителите, пријателите, учителите или медиумите.

Позитивното размислување може да ви помогне да станете личноста која секогаш сте сакале да бидете. Она што другите го гледаат, е она што вие им го презентирате. Како што станувате посигурна, така погледот на целиот живот ќе ви се смени – и тоа ке се рефлектира на вашиот изглед и на вашиот однос со околината.

Неверојатно како луѓето реагираат поинаку кога ќе научите да се сакате себеси. Затоа што ќе бидете поотворени да примите комплимент и порелаксирани да дадате комплимент некому, луѓето ќе реагираат поинаку и вашата самодоверба ќе расте. Нормално е сите да имаме лош ден или некој да влијае лошо на нас, но во ваков случај, имаме доволно самодоверба и можеме лесно да се справиме со негативните емоции. Пробајте, ке бидете изненадени.

 

 

Вие сте најважни!

Ракот на дојка може да придонесе да го смените начинот на кој што размислувате и гледате на нештата, а исто така многу често допринесува самите полесно да реализирате што точно сакате да постигнете во вашиот живот. Ова може да значи дека помалку време ќе поминувате задоволувајки ги желбите на другите додека ќе посветите повеке време эа себе, создавајќи си повеке време эа одмор и заздравување. Можеби баш сега е погоден момент  да си исполните некои од вашите соништа, како на пример да се эапишете на некој курс или да испланирате патување некаде каде отсекогаш сте сакале да отпатувате. Можеби ќе сфатите дека е време да погледнете колку е убаво да се биде жив и повеќе да го вреднувате секој ден.

Водењето на дневник во овој период може да ви помогне да погледнете наназад и да согледате колку позитивни работи потекнуваат од вашето искуство со рак на дојката – пријателите кои навистина ве поддржуваат, колку сте сакани и почитувани, колку сте силни и непобедливи, како ги претворивте чувствата на повреденост во позитивна енергија.

 

 

 

Корисни совети за зголемување на самодовербата од Медикус Хелп Жена Центарот во следниот билтен.

 

Текстот е превземен од  Amoena Life