Секоја година се регистрираат 510 000 случаи на рак на грлото на матката, а 288 000 од нив завршуваат со смрт (податоците се според СЗО, јануари 2009 година).
Ракот на грлото на матката е втората најчеста причина за смрт од рак во Европа, кај жени на возраст помеѓу 15 и 44 години.
За разлика од другите видови, рак на грлото на матката е го предизвикува вирус наречен хуман папилома вирус (ХПВ).
ХПВ е многу чест и лесно се пренесува од едно лице на лице.
Постојат околу 100 видови на хуманиот папилома вирус.
Одредени типови на овој вирус се способни да ги трансформираат нормалните цервикални клетки во абнормални, кои може да создадат рак на грлото на матката. Овие видови на ХПВ, исто така, ги напаѓаат вулвата, вагината и пенисот, и во некои случаи продолжуваат да формираат канцер на вагината и вулвата. Различните видови на овој вирус предизвикуваат појава на генитални брадавици – знак кој укажува дека постои вирусот.
Се проценува дека 70 отсто од жените и мажите може да дојдат во контакт со ХПВ за време на нивниот живот.
За среќа 80 до 90 отсто од случаите, вирусот природно го елиминираат.
Сепак, во Европа на секој половина час умира по една жена од рак на грло на матката.
Ракот на грлото на матката може да се спречи со вакцинација и со скрининг.

Жените треба да се вакцинираат пред да се изложат на вирусот и така ќе се заштитат и од предканцерозните лезии кои му претходат.
Вакцинацијата е првата линија на одбраната од овој вирус, втората е скринингот, а потоа и тестови наречени ПАП тестови.
Ракот на грлото на матката се открива со редовен скрининг и третман со кој се спречува ракот на грлото на матката да се развие во околу 75 отсто од случаите.
Заедно вакцинацијата и скрининг може да спасат повеќе животи и страдања.
Првата причина која поставува бариера за навремен скрининг и ХПВ вакцинација е поврзана со недостигот на релевантни информации, непознавање на болеста за на вирусот и неговата врска со ракот на грлото на матката.
Дури 82 отсто од жените кои биле анкетирани од Швајцарската организација WACC од мај 2009 година, зборуваат дека постои потреба за повеќе информации за ракот на грлото на матката, за хуманиот папилома вирус (HPV) и за превенцијата.

Повеќе информации

Цервиксот е долниот крај на матката што се поврзува со вагината. Тоа е многу кревка област на телото што се соочува со промени во различни периоди во животот на жената – пубертет, раѓање, менопауза.

Рак на грлото на матката секогаш е предизвикан од вирусот наречен хуман папилома вирус, кој е многу чест. Лесно се пренесува од човек на човек.

ХПВ вакцинацијата и скрининг се комплементарни во спречувањето на рак на грлото на матката

Одредени типови на овој вирус се способни да ги трансформираат нормалните цервикални клетки во абнормални. Во мал број случаи и обично во текот на подолг временски период (од неколку години, до неколку децении), некои од овие абнормални клетки потоа можат да се развијат во рак на грлото на матката.
Секоја жена која станува инфицирана со хуманиот папилома вирус може да биде изложена на ризик од развој на рак.
Но, за среќа поголемиот дел од оние кои се заразени со вирусот нема да развијат рак – 80 до 90отсто од случаите природно го елиминираат вирусот.
Хуман папилома вирус е заразен, се пренесува со генитален контакт, но и не секогаш е задолжителен сексуален однос, туку може да се префати и од некој што го носи овој папилома вирус и може да доведе до инфекција.

Превенција и откривање:

Ракот на грлото на матката се открива со редовен скрининг, така наречени ПАП тест.
Првата фаза на скрининг на грлото на матката е да се земе примерок од клетки од грлото на матката со мала шпола за еднократна употреба. Во оваа фаза се проверува здравјето на грлото на матката и ги открива раните промени во цервикалните клетки, кој во иднина може да доведат до рак.
Доколку абнормалните клетки се дијагностицираат со тестот, потребни се дополнителни испитувања, со цел да се прилагоди третманот.
Редовниот скрининг на грлото на матката е најдобар начин за откривање на промени во клетките на грлото на матката. Раното откривање и лекување може да го спречат ракот на грлото на матката да се развијат во околу 75 отсто од случаите.
Додека вакцините кои се наменети за ХПВ вирусите кои предизвикуваат околу 70 отсто од сите ракови на грлото на матката во Европа, не може да го спречат ракот на грлото на матката. Во исто време скринингот не ја спречува болеста, но ги открива пред-канцерогените цервикални лезии кои треба да се следат или треба да се отстранат преку операција; откривањето може да биде нецелосно.
Заедно со вакцинација и скрининг се спасуваат повеќе животи на жените од рак на грлото на матката, а вакцинацијата против ХПВ исто така може да го намали страдањето, вознемирувачката несигурност во врска со прогресијата на преканцерозните лезии на ракот и потребата за медицинско следење и хирургија.
Последни податоци, од различни извори, сугерираат дека информациите за вакцинацијата против ХПВ не само што ја зголемуваат свеста за вирусот на ХПВ како причина за рак на грлото на матката, туку исто така ја зголемуваат усогласеноста со скринингот за раното откривање што е предуслов за полесно и уепешно лекување.