spf-30-700x224

 

Златниот и бронзениот тен се сметата за статусен симбол. Можеби ова ја поддржува идејата дека луѓето кои имаат време да лежат на сонце доволно долго за да развијат изразен тен или кои можат да патуваат во топли краишта во текот на зимата, имаат повеќе пари или слободно време од останатите. Сепак, целта на многумина е изразен тен во раната пролет или да се вратат од одмор со силен, здрав сјај. Дали тенот го покажува статусот или не, тој е еден вид на оштетување на кожата и не ве заштитува од рак на кожата. Ултравиолетовите зраци од сонцето ќе ја оштетат кожата, но исто така тие можат да создадат проблеми со видот, алергиски реакции, депресија на имунолошкиот систем и други проблеми.

Тенот и изгорениците се предизвикани од дејствувањето на ултравиолетовите зраци од сонцето. Овие зраци не можат да се видат или почувствуваат, но пенетрираат во кожата и ги стимулираат клетките кои содржат кафеав пигмент наречен меланин. Меланинот се обидува да ја заштити кожата од апсорпција и расејување на ултравиолетовите зраци. Луѓето со темен тен имаат високи количини на меланин и имаат поголема природна заштита од ултравиолетовите зраци. Плавокосите, црвенокосите и луѓето со бледа кожа имаат помалку меланин и според тоа, горат побрзо.

Кога меланинот е стимулиран од ултравиолетовите зраци, тој избива на површината на кожата како тен. Тенот претставува оштетување на кожата, но може да обезбеди одредена заштита од идното изложување на сонце. Поединци со темна кожа како маслинова, кафеава или црна не се имуни на горење на кожата и оштетување предизвикано од безгрижна изложеност на сонце. Потемната кожа не нуди поголема заштита од изгореници и рак на кожата одколку светлата кожата.

Постојат три вида на ултравиолетови зраци (УВ) од сонцето: УВА, УВБ и УВЦ. УВЦ не се сметаат како закана бидејќи се апсорбираат од страна на озонската обвивка. УВБ предизвикуваат горење на кожата или црвенило поврзано со изгореници, рак на кожата и предвремено стареење на кожата. УВА зраците го стимулираат тенот, но исто така се поврзани и со други проблеми, како што се катаракта и други проблеми со очите, предвремено стареење на кожата, брчки, губење на еластичноста на кожата, осип на кожата и алергиски или други реакции на лекови. УВА и УВБ се назначени како предизвикувачи на рак на кожата од страна на Националниот Институт за здравство во САД.

Оштетувањето на кожата од прекумерно изложување на сонце е кумулативно во текот на годините и не може да биде отстрането. Откако  ќе се направи штетата, не може да се врати назад. Најсериозните и трајни оштетувања се јавуваат пред 18 годишна возраст. Заштитата треба да почне порано, особено кај децата, кои уживаат во игри на отворено во сончевите денови.

Повеќето луѓе очекуваат да добијат изгореници на светол, сончев ден. Многу фактори влијаат на силата и количеството на ултравиолетовите зраци кои доведуваат до тоа да се случи горењето. Физичките карактеристики на поединците и влијанието на околината допринесуваат за ефектите од изложувањето на сонце или можните изгореници.

Човекот како фактор

Како што количеството на меланин во кожата се зголемува, така се зголемува и природната заштита од изгореници. Поединци со темен тен, особено оние со маслинова, кафеава или црна боја на кожата, може да останат на сонце подолг период пред да добијат изгореници. Русокоси, црвенокоси и лица со бледа кожа горат многу полесно. Во некои случаи, овие луѓе никогаш не потемнуваат поради отсуството на меланинот или многу ниските нивоа на истиот во кожата. Затоа, лицата треба да го земат во предвид нивниот тип на кожа при изборот на производите за заштита од сонце.

Бебињата до шест месеци треба да се чуваат надвор од директна сончева светлина без разлика на времето. Креми за заштита од сонце не треба да се користат за доенчиња помлади од шест месеци. Користете шапки и соодветна облека за да ги заштитите малите бебиња од сонцето.

Локација и атмосферски услови

Бројот на ултравиолетови зраци кои достигнуваат на кожата влијаат на брзината и интензитетот на тенот или горењето. Кога атмосферата е погуста, помалку ултравиолетови зраци поминуваат низ неа и достигнуваат до кожата. На екваторот и на повисоки надморски височини, како на пример планини, можноста за радијација од сонцето е најголема, бидејќи има помалку густа атмосфера, која ги филтрира ултравиолетовите зраци. Како што се одалечуваме од екваторот или се движиме кон нивото на морето, горењата се се послаби, поради подебелите атмосферски услови. Бројот на ултравиолетовите зраци на екваторот е четири пати поголем од оние во Алјаска или јужниот дел на Јужна Америка. Исто така, на јужниот дел на САД ќе добиете еден или еден и половина пати повеќе од бројот на ултравиолетовите зраци како на север.

Луѓето кои уживаат во сонцето знаат дека се можни тешки изгореници дури и на маглив, облачен, облачно-светол ден. Овој ефект е наречен радијација од небото. УВБ зраците, пробиваат низ молекулите во атмосферата и предизвикаат горење. Затоа што се чини дека сончевата светлина тогаш е послаба, и не толку силна, поединците обично помалку превземаат мерки на претпазливост и со тоа го зголемуваат потенцијалот за лоши изгореници. Бидете свесни дека добивање тен и горење може да се случи и на магливи денови, кога сонцето не се појавува и не е толку силно.

Почитувајте ги ултравиолетовите зраци од сонцето. Тие не само што можат да создадат проблеми на магливо време, но, исто така, може да предизвикаат изгореници на кожата преку облека или додека седите во области задскриена од директна сончева светлина. Ултравиолетовите зраци отскокнуваат надвор од светлите површини, како снегот, асфалтот или песокот. Некој може да биде изгорен, додека седи под чадор на плажа. Небесното зрачење на магливо време може да ја погоди кожата под агол, а не во директна сончева светлина.

Ултравиолетовите зраци поминуваат низ некои материјали како што се отворените ткаенини, лесно плетени и најлон материјали. Носењето на маици додека пливате го намалува горењето, но сепак овозможува ултравиолетовите зраци да продрат. Ултравиолетовите зраци продираат низ водата, но го губат половината од нивниот интензитет. Сепак, изгореници може да се случат на делови од телото потопени во вода.

Повеќето прозорци во автомобилите, домовите или канцелариите ги блокираат УВБ зраците, но може да им овозможат на некои УВА зраци да минат и да ја зголемат УВ изложеноста. Затемнети прозорци повеќе помагаат при блокирање на УВА зраци, но тоа зависи од типот на нијансирање. Иако изложеноста преку прозорците веројатно не претставува голем ризик, повеќето луѓе треба да избегнуваат да минуваат подолг период блиску до прозорец со директна сончева светлина.

Сезонски правила

Износот на ултравиолетово зрачење се менува со времињата. Во Северна умерена зона, максималното зрачење е можно да се случи на 21 јуни. За време на секоја сезона УВ зраците може да предизвикаат оштетување на кожата во зависност од должината на експозицијата и типот на кожата.

Бидете особено внимателни за време на пладневните часови за време на топлите месеци. Ултравиолетовите зраци се најинтензивни 10:00 – 16:00 според Американската академија за дерматологија и тие препорачуваат да се носат очила секој ден ако ви се случува да бидете на сонце повеќе од 20 минути. Планирајте ги активностите пред 08:00 или по 18:00  со цел да се минимизира изложеноста на UV зраци.

Метеоролошка служба на САД разви дневен индекс на УВ зраци кој го покажува очекуваниот интензитет. Индексот е на скала од 0 – 10+ со повисок број на поголема изложеност на УВ зрачење. Индекс на експозицијата / Категорија на изложеност: 0-2 / Минимална; 3-4 / Ниска; 5-6 / Умерена; 7-9 / Висока; 10+ / Многу висока

Кога сте изложени на интензивна сончева светлина или зрачење од сонцето, превземете исклучителни мерки на претпазливост и земете ги во предвид  многуте фактори кои можат да предизвикаат оштетување на кожата. Се препорачува сенка секогаш кога е можно. Избегнувањето на интензивна сончева светлина ја штити вашата кожа и го намалува ризикот од рак на кожата.

Рак

Ракот на кожата долго време се поврзува со изложувањето на сонце. Повеќе од еден милион случаи се дијагностицирани во САД годишно, од кои 10.590 завршуваат фатално. Дефинитивно постои врска меѓу сонцето и ракот на кожата. Еден од пет Американци ќе развие рак на кожата во текот на животот. Три типа на рак на кожата постојат: базоцелуларен, сквамозен и меланом. Базоцелуларниот рак се идентификува со бледи ерупции на кожата или со црвени осипи. Сквамозните клетки на ракот се лушпести осипи или нодули. Базалниот и сквамозниот карцином се обично поврзани со долгорочна изложеност на сонцето. Ако се идентификуваат и третираат рано, овие видови на рак на кожата ретко се смртоносни.

Меланомот учествува со 73% од смртните случаи од рак на кожата, се карактеризира со темни, црни или кафеави дамки, и може да биде помешан со бемка. Меланомите често почнуваат како мали, но растат. Тие најверојатно ќе се јават кај луѓе кои се соочуваат со лоши изгореници во ретки интервали, како што е одморот. Кога ќе се појави абнормален раст, промени на кожата или бемки, потребно е да закажете состанок со вашиот лекар. Сите видови на рак на кожата се контролираат и се помалку фатални кога се лекуваат навремено.

Предвремено стареење на кожата

Постојаната изложеност на сонце штети на еластин влакната во кожата и го забрзува процесот на стареење. Кожата ја губи еластичноста, почнуваат да се појавуваат бори и кожата станува наборена. Штетата е неповратна и знаците почнуваат да се покажуваат во раните 20-ти на кожата на поединци. Дури и мала количина на штета, со повторно изложување на сонце го зголемува ефектот. Покрај груба и збрчкана кожа, другите знаци на оштетување се кафени дамки или точки со жолта или сивкава нијанса.

Алергиски реакции

Многу луѓе имаат осетливост на сончевите зраци кои можат да бидат забрзани од страна на одредени производи, лекови или дрога. Всушност, некои лекови или производи може да го забрзаат ефектот на зрачењето од сонцето и да предизвикаат тешки изгореници на кожата или ерупции кај луѓето, кои под други околности можат да бидат поотпорни на тешки изгореници.

Некои лекови се познати по тоа што ја зголемуваат чувствителноста на сончева светлина, како на пример антибактериските агенси кои се наоѓаат во медикаментозните сапуни и препаратите за лице, третманите за акни, антихистаминиците, антидепресивите, лековите за смирување, антибиотиците, диуретиците, како и антихипертензивите. Кога се користи било кој од овие производи, бидете особено претпазливи за можните реакции при изложувањето на сонце.

Во врска со чувствителноста на сончева светлина, некои лица имаат природни алергиски реакции на сончева светлина. Овие можат да бидат стимулирани од контакт со некои растенија, парфеми, козметика, кожа или подготовки за потемнување. Обично резултатот вклучува флеки кои се јавуваат по изложување на сонце. Овие типови на алергиски реакции често може да се контролираат, но не и елиминираат.

Конечно, безгрижната изложеност на сонце може да биде штетна за луѓе со одредени заболувања. Меѓу нив се и белодробна туберкулоза, некои автоимуни заболувања, наследни заболувања на кожата, метаболички проблеми, малнутриција и алкохолизам.

Бидете секогаш претпазливи за абнормалното однесување кај лицата кои биле изложени на сонце долг период. Ова е особено точно ако тие конзумираат лекови, имаат светол тен, или претходно биле малку изложени на сончева светлина за долги периоди.

Оштетување на очите

Ултравиолетовите зраци исто така предизвикуваат оштетување на очите, без оглед на бојата на кожата. Инциденцата на катаракта се зголемува со изложување на сонце. Корнеални изгореници и израстоци на површината на окото, се смета дека се поврзани со долгорочни изложување на сонце.

Со употреба на очила кои ги блокираат УВ зраците се обезбедува заштита од сонцето. Изберете очила за сонце кои блокираат 99% до 100% од УВА и УВБ зрачењето. Бидете сигурни да проверите на етикета бидејќи не сите очила за сонце обезбедуваат заштита. Етикетите на кои пишува УВ апсорпција до 400 nm или одговара на ANSI УВ барањето за заштита од УВ, значи дека очилата блокираат 99% до 100% од УВ зраци. Темната боја или леќите не означуваат УВ заштита. Имајте на ум дека поларизирани леќи и огледала обложени со леќи воопшто не мора да значат намалување на УВ апсорпција освен ако специфично не се етикетираат. Сите очила за сонце нудат поголема заштита отколку без да се носат никакви очила, но барајте ги изјавите за УВ рејтингот за најдобра нега на очите.